Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа

Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа

Во фабриката на Audi во Унгарија денес официјално проработе најголемиот покривен систем од вотоволтаици на територијата на Европа. Погоните во Ѓер уште од почетокот на годината се снабдуваат само со зелена струја.

Унгарската фабрика на Audi почна да користи геотермална енергија уште во 2012 година, со цел да се покрие поголем дел од потребата од топлинска енергија. Преостанатата потреба од енергија се компензира преку откуп на сертификати. На тој начин, Audi Hungaria стана втора од петте фабрики на Audi што постигнаа неутрален биланс на СО2.

Целта е сите локации на Audi да станат неутрални во поглед на СО2 до 2025 година. Тоа е придонес на производителот на автомобили во заштита на животната средина. Во почетокот а годината беше направен уште еден клучен чекор во таа насока: Сите пет фабрики на Audi се снабдуваат со зелена струја.

Најголемиот систем од фотоволтаички колектори на објект е изведен во соработка со E.ON Hungaria. Колектори што сончевата енергија ја претвораат во струја е поставена на покривите на двата логистички центри. Станува збор за површина од 160.000 метри квадратни, со 34.600 соларни ќелии. Максималната моќност изнесува дванаесет мегавати. Тоа е повеќе од моќноста на хидроцентралата Матка, со нејзините 9,6 MW, односно е половина од ХЕ Равен.

>>> Audi A3 со приклучен хибрид минува 78 km на струја

Audi A3 Sportback 40 TFSI e

Претходна објаваBMW 128ti: Не најбрзо, но побрзо од другите
Следна објаваВиртуелна презентација, реална Миа во видеото за Toyota Yaris

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here