за

BMW 128ti: Не најбрзо, но побрзо од другите

Традицијата е највредното што го имаат автомобилските марки. BMW 128ti е за нијанса под врвниот M135i, подостапен и со тркачки дотерано подвозје.

BMW 218ti

Познавачите и љубителите на BMW веднаш знаат за што станува збор кога ќе ја сретнат ознаката „ti“. Славната серија 02 од 1960-те и 1970-те години беше достапна и во изведбите 1602ti и 2002ti. Тоа во основа беше фабричко тјунирање на стандардните 1602 и 2002, со посилни мотори, но и со подвозје дотерано за врвна динамика. Традицијата ја продолжува BMW 128ti.

Минхен го додава BMW 128ti како нова моделска изведба во гамата на серијата 1, позициониран меѓу 120i и спортскиот M135i. Не станува збор само за нов мотор во понудата, туку повеќе за модел што ја претставува сржта на марката и на M GmbH. Идејата на менаџментот во зградите што се водат како „четирицилиндарецот“ е спортското чувство што го посредува топ-моделот M135i да се пренесува верно во модел што е подостапен.

Продажбата на германскиот пазар стартува веќе во ноември, тамошната цена изнесува 41.574 евра. BMW го нуди 128ti по подостапна цена од M135i, прво поради тоа што новиот модел користи само преден, место погон на сите тркала. Затоа, пак, тука стапуваат на дело инженерите на марката, кои конструираа торсен-диференцијал напред. Неговата функција е класика од мотоспортот и има цел да се намали ефектот на подуправување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Секако, тоа е комплетирано со посебно дотерано подвозје, според моќноста на моторот и соодветно на тежинскиот баланс на возилото. Целната група се млади купувачи, на кои M135i им е далеку од можностите, но бараат модел со нагласен спортски карактер. Дволитарецот располага со 265 КС и 400 њутнметри, со конструкцијата е идентичен со оној во М-моделот, со „мали“ разлики.

По желба, BMW 128ti излегува од фабрика со спортски гуми, за ексклузивните алу-тркала од 18 инчи, со Y-дизајн на краците и во две бои. Кратенката TI, подоцна ti, означува Turismo Internazionale и своите корени ги влече од 1963 година, со BMW 1800 TI, а потоа и BMW 2002 TI.

New photo by Automedia MK / Google Photos

BMW 128ti ја користи како основа верзијата M Sport на серијата 1, со впечатлив преден спојлер со големи отвори за воздух и заден браник со детали во сјајна црна боја. Неколку плус детали доаѓаат од топ-моделот BMW M135i xDrive, како маските на отворите за воздух и каналите за воздух во задните крила, што се лакирани црвено. Во истиот стил се изведени и проширените прагови, со лого ti пред задните тркала. Пакетот Shadow Line со црни бубрези и капи на ретровизорите е стандард, ознаката 128ti има хром-финиш, а двете издувни цевки поседуваат пречник од 90 милиметри.

Црвените акценти продолжуваат и во кабината, со голема црвена површина на спортските седишта кои се обложени во комбинација од платно и сензатек. Картенката „ti“ e вшиена во средишниот потпирач за рака, а штеповите по целата кабина се изведени со црвен конец, заедно со штеповите на воланот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Каросеријата е спуштена 10 милиметри, со М-спортско подвозје, покрути стабилизатори и предзатегнати лежишта за нив, преземени од M135i. Пружините исто се покрути, амортизерите се приспособени.

Спринтот до темпо сто трае 6,1 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 километри на час. Стандардно се вградува генератор на звук, што го поткрепува спортското чувство, без притоа да се вознемирува средината, доколку се вози во град. Менувачот е 8-степен Steptronic, исто така дотеран посебно за 128ti.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> BMW 128ti по пример на легендарниот „нул-цво“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia stonic gt line

Kia Stonic доби спортска изведба GT-Line

Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа

Audi во Ѓер ги постави најголемите колектори за струја во Европа