за

Kia Stonic доби спортска изведба GT-Line

Kросоверот на Kia продолжува со моделското освежување и добива спортска изведба GT-Line.

kia stonic gt line

Во салоните на Kia наскоро пристигнува Stonic GT-Line. Спортската изведба на компактниот кросовер настапува со динамичен стил и со спортски нагласок во кабината. Благ-хибрид под 48 волти работи стандардно под хаубата, заедно со мануелен менувач со електронска контрола на спојката iMT.

Во надворешниот стил на Stonic GT-Line се препознаваат цитати од моќните GT-модели на Kia од рангот на Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Највпечатлив е сменетиот дизајн на браниците. Во лајсната со металик финиш во дното на браникот се вградени диодни магленки, а отстрана има големи отвори за воздух што визуелно го прошируваат кросоверот. Задолжителниот „тигарски нос“ има темна рамка и решетка со груб растер. Капите на ретровизорите се лакирани црно. Задниот браник е во истиот стил, со дуфузор лакиран во сребрен тон и асоцијација на двоен издув.

Спортската изведба GT-Line нуди бројни можности да се стави личен печат. За каросеријата и покривот стојат на располагање 15 двобојни комбинации. Оваа можност и претходно се покажа мошне привлечна за купувачите, затоа што повеќе од половината од нив се решаваат за двобојна варијанта. Во спортската изведба може да се избере бојата на трите отвори за воздух над маската да биде иста со покривот. Kia Stonic GT-Line стандардно се испорачува со алу-тркала од 17 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Динамичниот карактер продолжува и внатре. Највпечатлив детал се панелите со изглед на карбон. Седиштата се обложени со комбинација од платно и вештачка кожа, со штепови во бела боја. Воланот во GT-Line е посебно дизајниран и зарамнет е долу (D-форма), обложен со перфорирана кожа и со штепови во контрастна боја.

Средишниот дисплеј од 8 инчи е ист со останатите модели во гамата на Kia Stonic. Инфо-забавниот систем располага со богати можности за поврзување во рамките на системот UVO Connect Phase II.

Воведувањето електронска контрола на спојката овозможува функција на „едрење“ и кај мануелниот менувач

Моторот за спортската изведба е 1.0 T-GDI во варијанта со 100 или 120 КС. Стартер-генератор под напон од 48 волти се вградува стандардно, исто како и електронска контрола на спојката – педалата нема механичка врска со спојката, туку командите се пренесуваат по електронски пат, преку „кабел“. Сето тоа помага да се смали потрошувачката на гориво и емисијата на СО2.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Опција е 7-степен менувач со двојна спојка. Во двете варијанти на менувач се овозмжува т.н. едрење, односно се прекинува врската меѓу моторот и менувачот, со што се овозможува возилото подолго да вози под инерција откако ќе се одземе гас. Оваа функција дејствува до 125 km/h.

Kia Stonic GT-Line е достапна во две изведби. Првата поседува алу-тркала од 17 инчи, грејачи во седиштата и на воланот, алу-педали, диодни магленки и навигација со UVO Connect и Kia Live . Второто ниво е Stonic GT-PlusLine, во коешто се вградуваат и новите диодни светла со препознатлива шема на осветлување, сончев покрив и уште неколку системи за асистенција плус. Доколку возилото поседува и менувач DCT7, тогаш располага уште со приспособлив темпомат и со камера за знаци.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi Outlander PHEV

Mitsubishi Outlander најпродаван приклучен хибрид во Британија

BMW 218ti

BMW 128ti: Не најбрзо, но побрзо од другите