за

Mitsubishi Outlander најпродаван приклучен хибрид во Британија

Mitsubishi Outlander PHEV го задржа местото на најпродаван СУВ со приклучен погон во Велика Британија годинава.

mitsubishi Outlander PHEV

Автомобилите со електрифицирана погонска спрега се покажаа поотпорни на кризата што ја предизвика пандемијата. Тоа важи и за пионерскиот Mitsubishi Outlander PHEV и за британскиот пазар.

Outlander PHEV според вкупната продажба годинава останува на бестселерската позиција меѓу СУВ-моделите со приклучен хибриден погон на британскиот пазар, односно е вицешампион во конкуренција на моментно 55 модели со овој вид погон. Првиот СУВ со приклучен хибрид ја задржа одличната динамика на продажба и во септември. На месечно ниво, јапонскиот автомобил веќе мораше да го препушти првото место, но затоа е втор најпродаван СУВ со приклучен хибрид во островската земја.

Цената на Mitsubishi Outlander PHEV во островската земја почнува од £35,815, односно околу 39.000 евра. Во цената се вклучени бесплатно сервисирање и помош на пат, во период од три години.

Mitsubishi Outlander PHEV ја предводи продажбата на СУВ модели со приклучен хибрид во вкупната продажба од почетокот на годината, со повеќе од 3.000 новорегистрирани примероци.

Во земјата досега се регистрирани околу 53.000 примероци од Mitsubishi Outlander PHEV, откако продажбата стартуваше во 2014 година. Две години подоцна следеа неколку технички подобрувања и поголема батерија. Според реалната норма, семејниот СУВ минува на струја до 45 километри, пред да се вклучи 2,4-литарскиот бензинец што работи според штедливиот еткинсонов циклус.

>>> Mitsubishi L200 со титула на пикап на годината во Русија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

фабрика suzuki унгарија

Малку познати факти: Suzuki има 26 фабрики во 19 држави

kia stonic gt line

Kia Stonic доби спортска изведба GT-Line