за

Малку познати факти: Suzuki има 26 фабрики во 19 држави

Некогаш бројките и кусите факти ги раскажуваат најинтересните приказни. Suzuki во фискалната 2019 година произвел вкупно 2.966.000 автомобили и 1.729.000 мотоцикли. Оваа силна продукција доаѓа од дури 26 фабрики.

фабрика suzuki унгарија

Suzuki годинава одбележува 100-годишнина од основањето на компанијата. Автомобилите, мотоциклите и вонбродските мотори на јапонскиот производител се дел од секојдневието и многу историски поглавја се повеќе потсетување на минатото, отколку дознавање непознати факти и информации. Затоа, овојпат следи малку поинаков пристап.

Седиштето на специјалистот за погон на сите тркала и на автомобили од мини и градската класа е во Хамамацу, во префектурата Шизуока, на пацифичкиот брег на остгровот Хоншу. Тоа е воедно и „домот“ на Фуџи, највисоката планина во Јапонија со 3.776 метри.

Во овој не толку кус преглед, го објавуваме целосниот список на сите фабрики на Suzuki во Јапонија и во светот.

Во Јапонија има пет фабрики на Suzuki

Косаи

Се наоѓа во префектурата Шизуока и покрива површина од 1.290.000 метри квадратни, од кои 473.000 m2 се под покрив. Во фабриката работат 2.400 лица, во производство на мини и компактни автомобили (Spacia, Wagon R, Alto, Hustler, Jimny, Jimny Sierra) мотори (тип R06D) и вонбродски мотори.

Косаи има највисока продукција од сите домашни фабрики на Suzuki. Годишната продукција изнесува околу 490.000 автомобили. Во посебен погон се врши пакување и испорака на готови модули за завршна монтажа на автомобили и мотоцикли во странските фабрики. Од 2018 година се произведуваат и вонбродски мотори.

Ивата

●Локација: 2500 Iwai, Iwata-shi, Shizuoka

●Вкупна површина: 298,000 m2

●Површина под покрив: 147,000 m2

●Вработени: Околу 900

●Производствена програма: Патнички автомобили, монтажа на доставни возила

(Carry, Super Carry, Every, Every Wagon, итн.)

Во Ивата главно се врши монтажа на лесни камиони, миниванови и доставни возила. Годишната продукција изнесува 210.000 возила. Возилата главно се наменети за домашниот пазар.

Сагара

●Локација: 1111 Shirai, Makinohara-shi, Shizuoka

●Вкупна површина: 1,970,000 m2

●Површина под покрив: 278,000 m2

●Вработени: Околу 1,800

●Производство: Патнички автомобили (Swift, Solio, Ignis, XBEE, итн.) и мотори за нив (K12C, K14C), ливница за компоненти за мотори, машинска обработка.

Во фабриката во Сагара се врши монтажа на автомобили за домашни и странски пазари, како и на автомобилски мотори и делови за нив. Годишната продукција во ланската фискална година достигна 250.000 возила. Голем удел во снабдувањето со електрична енергија постигнуваат фотоволтаичките панели што се поставени на голема површина на покривот на фабриката.

Хамамацу

●Локација: 8686 Miyakoda-cho, Kita-ku, Hamamatsu-shi, Shizuoka

●Вкупна површина: 177,000 m2

●Површина под покрив: 62,000 m2

●Вработени. Околи 600

●Производство: Монтажа на мотори за мотоцикли и монтажа на мотоцикли (GSX-R1000R, GSX-R1000R ABS, V-STROM 1050XT, KATANA)

Хамамацу започна со работа во 2018 година и врши монтажа на мотори и мотоцикли. Годишната продукција изнесува 95.000 мотоцикли (2019).

Осука

●Локација: 6333 Nishiobuchi, Kakegawa-shi, Shizuoka

●Вкупна површина: 151,000 m2

●Површина под покрив: 55,000 m2

●Врабтени: Околу 400

●Дејност: Ливница

Во Осука се врши изработна на алуминиумски делови за мотори за мотоцикли, автомобили и вонбродски мотори, а воедно се врши и ковање и машинска обработка на алуминиумски рамки, челични цилиндерски кошулки, суспензија и други делови.

>>> Фабрики на Suzuki надвор од Јапонија

АЗИЈА

Индија: MARUTI SUZUKI INDIA LIMITED, SUZUKI MOTOR GUJARAT PRIVATE LIMITED, SUZUKI MOTORCYCLE INDIA PRIVATE LIMITED

Пакистан: PAK SUZUKI MOTOR CO., LTD.

Кина: JINAN QINGQI SUZUKI MOTORCYCLE CO., LTD., JIANGMEN DACHANGJIANG GROUP CO., LTD., CHANGZHOU HAOJUE SUZUKI MOTORCYCLE CO., LTD.

Тајван: TAILING MOTOR CO., LTD.

Индонезија: PT. SUZUKI INDOMOBIL MOTOR

Тајланд: THAI SUZUKI MOTOR CO., LTD., SUZUKI MOTOR (THAILAND) LTD

Виетнам: VIETNAM SUZUKI CORP.

Филипини: SUZUKI PHILIPPINES INC.

Мјанмар: SUZUKI (MYANMAR) MOTOR CO., LTD.

Камбоџа: CAMBODIA SUZUKI MOTOR CO., LTD.

Лаос: SANTIPHAB SUZUKI LAO FACTORY

АМЕРИКА

САД: SUZUKI MANUFACTURING OF AMERICA CORP.

Колумбија: SUZUKI MOTOR DE COLOMBIA S.A.

Бразил: J. TOLEDO DA AMAZONIA

ЕВРОПА

Унгарија: MAGYAR SUZUKI CORPORATION

АФРИКА

Египет: SUZUKI EGYPT S.A.E.

>>> Suzuki Swift со шампионски сооднос цена-потрошувачка

suzuki swift hibrid скопје салон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia telluride

Kia постигна рекорден септември во САД

mitsubishi Outlander PHEV

Mitsubishi Outlander најпродаван приклучен хибрид во Британија