Volkswagen во Норвешка очекува 90% удел на електричните в година

Volkswagen ID3 освои награди за дизајн

Норвешкиот увозник на Volkswagen го изјави тоа за агенцијата Ројтерс. Понатаму се предвидува дека од 2023 година, во земјата повеќе нема да се нудат модели на Volkswagen со дизел или бензински мотор. Во тој случај, марката ќе биде пред плановите на скандинавската држава, којашто планира во 2025 година да ја запре продажбата на возила со обичен погон.

Со удел од 90 проценти, Volkswagen ќе постигнува многу повисок удел на електрични автомобили во својата продажба, во споредба со просекот во земјата. Како што објавивме неодамна, во септември 61,5 проценти од сите новорегистрирани возила во Норвешка користеле само електричен погон. Во септември лани, овој удел изнесува 42,4 проценти.

Високите очекувања на Volkswagen во дел се должат на масивните субвенции за електрични автомобили во Норвешка, а во дел се должат на понудата од модели со погон на струја на марката. По компактната комбилимузина ID.3, во почетокот на следната година се очекува да стартува и компактниот СУВ-модел врз истата техничка основа, ID.4. Покрај тоа, важен фактор секако дека претставуваат и традиционалните симпатии на норвешките возачки и возачи кон марката Volkswagen.

Volkswagen ID.4

Германската марка лани беше најпопуларна марка во Норвешка. Најпродаван модел во 2019 година беше Tesla Model 3, но во вкупната продажба на модели триумфираше Volkswagen, со продажба повисока за 151 возило. Тоа е незначајна разлика, имајќи предвид дека продажбата на овие две марки беше блиску до 19.000 возила. Со пристигањето на новите модели, Volkswagen мошне веројатно ќе ја зголеми продажбата во однос на американскиот специјалист.

Широкогради се повластиците за електричните автомобили. Нивните возачи не плаќаат патарина и данок за возило, но автомобилите исто така се ослободени и од ДДВ. Покрај тоа, на паркиралиштата важи попуст од најмалку 50 проценти.

>>> Од Trabant до електричен Volkswagen ID.3

Претходна објаваВиртуелна презентација, реална Миа во видеото за Toyota Yaris
Следна објаваЕлектро-пионерот Mitsubishi i-MiEV заминува во пензија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here