за

Новиот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

По само неколку месеци од неговата официјална презентација, моделот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia.

Kia Stonic

Kia Stonic за прв пат како изведба е претставен во 2017 година. Оттогаш до денес има голем успех за брендот во Европа, а во 2019 година, тој стана четврти најпродаван модел на стариот континент.

Stonic е автомобил посакуван од помладата генерација, а новиот освежен изглед и нивото на опременост во иднина ќе ги надополнат сите побарувања кои досега ги имаа клиентите. На нашиот пазар, моделската 2021 година ќе биде понудена во три нивоа на опременост во комбинација со два бензински агрегата.

Првата изведба е Base и истата ќе се нуди исклучиво со 1.2 DPi бензинскиот мотор со моќност од 84 коњски сили и пет степен мануелен менувач, потоа следи нивото Reference 1, кое во себе содржи богата опрема, а се комбинира и со 1.0 T-GDi мотор со 100 КС со мануелен шест степен или автоматски седум степен менувач. Третата и најопремена изведба е Reference 2, и истата е посветена на оние кои сакаат повеќе, односно сакаат да се истакнат со својот автомобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешниот и надворешниот дизајн на Stonic остануваат главно непроменети, сепак сопствениците ќе имаат уште поголем простор за прилагодување отколку порано, со нови бои на каросеријата и покривот и нов избор на тркала. Во внатрешноста на Reference нивоата на опрема, нови се инфо-забавниот систем со екран осетлив на допир од 8 инчи со новите функции на Kia и 4,2 инчниот екран на инструмент таблата.

Безбедноста и поддршката на возачот дополнително се подобруваат со усвојување на низа нови високо-технолошки напредни системи за помош на возачот како FCA – системот за избегнување фронтален удар со препознавање на возила и пешаци и LKAS – системот за одржување на возилото во лента.

Повеќе за новиот Kia Stonic може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Spring Electric

Dacia ги откри сите детали за евтиниот електромобил, не и цената

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Кои се најпродаваните модели на Toyota до септември?