Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата

Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата
Kia Stonic комотно ѝ се спротивставува на конкуренцијата

Kia Motors изврши неколку освежувања на компактниот кросовер Stonic, заради зајакнување на неговите позиции кон конкуренцијата во B-сегментот. Главниот нагласок е на моторите од генерацијата „Smartstream“ кои се одликуваат со подобрена штедливост. Новитет е изведбата со благ хибриден погон со 48-волтна мрежа и стартер-генератор, со вообичаената ознака EcoDynamics+ за Kia. Дел од нејзината погонска спрега претставува новиот мануелен менувач со електронски контролирана спојка.

Во изгледот на каросеријата и на кабината нема големи промени, единствено е збогатена понудата од можности да се остави личен печат во стилот на возилото. Тоа подразбира нови бои за каросеријата и за покривот, нови двобојни комбинации, како и нов дизајн на бандажи.

Во повисоките нивоа на опрема се вградува средишен дисплеј од 8,0 инчи, со навигација и со новите телематски услуги што Kia ги води како 2-ра фаза на UVO Connect. Има повеќе ставки и во арсеналот од системи за асистенција.

Kia Stonic имаше премиера во 2017 година и во меѓувреме прерасна во 4-ти најпродаван модел на марката, по моделското семејство Ceed, Sportage и Picanto. Оттогаш на европскиот пазар се продадоа над 150.000 примероци од кросоверот.

Освеженото моделско годиште на Kia Stonic ќе стартува со испорака уште во тековниот квартал, вклучувајќи 7-годишна гаранција, односно 150.000 километри под гаранција.

Изведбата EcoDynamics+ со благ хибриден погон комбинира нов 1,0-литарски GDi од генерацијата Smartstream со стартер-генератор и литиум-јон батерија, во 48-волтна мрежа. Стартер-генераторот дејствува како генератор при запирање и забавување, полнејќи ја батеријата. Енергијата во неа потоа се испорачува до стартер-генераторот, кој сега функционира како електромотор и преку ремен е поврзан со коленастото вратило. Електричната поддршка трае релативно кусо и за разлика од полниот хибрид не може самостојно да го движи возилото, но доволно е делотворно да се постигне заштеда во горивото.

https://photos.app.goo.gl/vFuitXmGpGyYdruP7

За разлика од претходниот 1.0 GDI од генерацијата Kappa, новиот „Smartstream“ поседува приспособливо времетраење на отворањето на вентилите. Со 100 и 120 КС, новиот мотор има иста моќност како претходникот, но благо е зголемен вртежниот момент. Во верзијата со 7-степен DCT и 120 КС, вртежниот момент конкретно е зголемен за 16% и изнесува 200 Nm.

Благиот хибриоден погон стои на располагање со двете верзии на моќност, односно со 100 и со 120 КС. Заедно со тоа следува и избор на режим на возење – еко, спортски и нормален. EcoDynamics-верзиите се испорачуваат со мануелен менувач со електронски контролирана спојка, без механичка врска меѓу педалата на спојката и самата спојка. За начинот на работа објавивме повеќе на следниот линк.

Третиот мотор во гамата е 1,2-литарецот, кој во новата верзија располага со иста моќност од 84 КС како досега, но комбинира директно и индиректно впрскување. Другите промени се замената на петстепениот мануелен менувач во 1.0 T-GDi со 100 КС со шестстепен менувач, а достапен е и 7-степен DCT. Перформансите и потрошувачката на гориво ќе бидат објавени подоцна.

https://photos.app.goo.gl/nWn9r9odns6nCB5A7

Средишен дисплеј од 8,0 инчи е стандард, а во повисоките нивоа на опрема доаѓа во комбинација со систем за навигација. Преку блутут може да се поврзат до два уреди, има и безжична врска за Apple CarPlay и Android Auto.

Апликацијата на Kia дозволува навигацијата да продолжи се користи и надвор од возилото

Новитет се и телематските услуги во рамките на ‘Phase II’ UVO Connect, со добивање сообраќајни вести во живо, временска прогноза, локални знаменитости или блиски паркиралишта. Унапредени се и говорните команди, исто како и прецизноста и актуелноста на навигацијата, благодарение на повлекувањето информации од податочен облак.

Промените во дизајнот се сведуваат главно на новите предни светла со целосно диодна техника. Нови бои се перенијално сива и спортски сина, со што палетата сега вклучува девет бои. Комбинацијата со жолт покрив исто така е нова. Вкупно стојат на располагање 20 комбинации од двобојна каросерија, за којшто воедно се решаваат 33% од возачите во Европа.

Претходна објаваBP ќе произведува помалку горива и вложува во чисти технологии
Следна објаваSkoda со рекордни седум проценти удел на германскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here