Kia ги збогати услугите што ги нуди во своите модели на европскиот пазар како UVO Connect. Во следните месеци, повеќето модели во европската понуда на Kia ќе ги добијат новите услуги од „Phase II“, со коишто ќе се подобрат конективноста и контролата, и кои воедно ќе направат возењето да биде уште попријатно.
Услугите што се нудат во „втората фаза“ на UVO Connect овозможуваат навигацијата точно да го пресмета времетраењето на патувањето, како и да помогне во точното наоѓање на одредиштето. До овие и низа други услуги се пристапува преку мобилната апликација UVO или преку инфо-забавниот систем во возилото. Прв модел на Kia во Европа што ќе ги нуди новите услуги е новата генерација на Sorento.
Меѓу најкорисните услуги на Phase II кои ќе бидат достапни во возила опремени со UVO Connect е онлајн навигацијата. Оваа услуга користи податоци во реално време од податочен облак и на тој начин точно го одредува времетраењето на патувањето, односно времето на пристигање на одредиштето.
Уште една нова услуга е „Last Mile Navigation“, што помага да се најде одредиштето по паркирањето и излегувањето од возилото. Тоа е голема помош за ориентација во градови во коишто мора да се паркира подалеку од трговските центри, ресторани или кафулиња. По заклучувањето на возилото се добиваат нотификации на телефонот, на оддалеченост меѓу 200 метри и 2 километри од возилото. Притоа може да се користат и мапите на гугл. По желба, може да се активира и унапредена реалност, којашто ја користи камерата на телефонот.
Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

















