Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд
Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

Четвртата генерација на Kia Sorento победи во категоријата за дизајн во изборот на читателите на специјалзираното германско издание за теренски возила Ауто Билд Алрад. Трета година по ред, Kia освојува награди во рамките на изборот.

Kia го престави моделот од четвртата генерација на Sorento пред само неколку месеци, а знаменосецот во СУВ-понудата на марката веќе почна да освојува награди. Новиот модел имаше премиера во март, со пренос во живо на фејсбук, поради пандемијата. Продажбата во Европа ќе стартува кон крајот на летото. Новиот Sorento во меѓувреме е прогласен за модел со најдобар дизајн, во изборот на читателите на Ауто Билд Алрад, специјализирано издание на познатиот германски магазин Ауто Билд.

Ова е трета година по ред, како што Kia освојува награда во изборот на Ауто Билд Алрад, најпродаван магазин за возила со погон на сите тркала во Европа. Читателите на магазинот во 2018 и 2019 година го изгласаа Kia Stinger за најдобар автомобил со погон на сите тркала во категоријата над 40.000 евра, во конкуренција на увозни марки на германскиот пазар. Резултатите од изборот веќе ги објавивме на порталот. Свеченото прогласување на победниците ќе изостане, поради пандемијата.

„Со четвртата генерација на Sorento влегуваме во ново поглавје во историјатата на успешниот знаменосец во нашата СУВ-понуда, што нé прави особено горди“, изјави Штефен Кост, директор на огранокот на Kia во Германија. „Неговиот динамичен и елегантен дизајн нуди привлечен спој од модерен СУВ во секој поглед, со иновативна понуда од мотори, моќен погон на сите тркала, последна генерација системи за асистенција, луксузен комфор и изобилство од простор. Sorento освои бројни фанови во Германија од неговото лансирање во 2002 и убедени сме дека неговата база на фанови ќе порасне уште повеќе со новата генерација.“

Kia Sorento 2020

Новиот Sorento е прв модел на Kia што ја користи платформата наменета за модели од средната класа, што овозможува нови пропорции и користење на електрифицирана погонска спрега што не одзема простор. Во Европа, големиот СУВ ќе биде достапен со хибриден и со дизел погон, а потоа ќе следи и плагин-хибрид.

Со три реда седишта, Sorento нуди простор за седум патници, исто како и еден од најголемите багажници во сегментот (до 910 литри). Во понудата се вклучени мека телешка „напа“ кожа, озвучување Bose, дигитални инструменти, проекциски дисплеј и нов систем за навигација и конективност, со дисплеј од 10,25 инчи.

Меѓу системите за асистенција има радарски темпомат што користи и информации од навигацијата, како и систем за следење на лентата при возење по автопат. Уште една впечатлива функција е можноста за паркирање со користење на клучот за далечинско управување со возилото. Новитет претставува и системот Terrain Mode, кој се грижи за оптимална тракција, во случај на возење во кал, песок или снег.

Kia Sorento има „ретровизори“ во таблата со инструменти

Kia Sorento има ретровизори“ во таблата со инструменти Kia Blind Spot View Monitor
Kia Sorento има „ретровизори“ во таблата со инструменти: Kia Blind Spot View Monitor

Претходна објаваТака изгледаа немирните години на Toyota RAV4
Следна објаваСедумстотини КС не се проблем за Audi S8

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here