Kia Sorento има „ретровизори“ во таблата со инструменти

Kia Sorento има ретровизори“ во таблата со инструменти Kia Blind Spot View Monitor
Kia Sorento има ретровизори“ во таблата со инструменти Kia Blind Spot View Monitor

Kia има уште детали за откривање околу новата генерација на Sorento. Овојпат се работи за систем за предупредување при возило во мртвите агли, но не како вообичаено со светилка во ретровизорите и звучно предупредување, туку со прикажување комплетна слика во дигиталните инструменти.

Sorento е прв модел на Kia во Европа што ќе биде достапен со нов систем за асистенција. Станува збор за функција на комплетно дигиталните инструменти Supervision со пречник од 12,3 инчи (31 сантиметри). Kia го нарекува системот Blind-Spot View Monitor (BVM), односно монитор за мртвите точки, и истиот се вклучува кога возачот ќе ги пушти трепкачите при возење по автопат.

На дисплејот се прикажува слика со висока резолуција на левата или десната страна на дигиталните инструменти, зависно од тоа дали возачот сака да се престрои в лево или в десно. Сликата се прикажува или на местото на брзиномерот или на бројачот на вртежи. За сето тоа се грижат широкоаголни камери со висока резолуција, коишто се вградени незабележливо во куќиштето на ретровизорите.

Системот BVM е достапен во пакет, заедно со приказ на возилото во 360 степени и систем за спречување на удар при паркирање, како и со врвно озвучување од Bose.

Што се однесува до „супервизиските“ инструменти, тие имаат резолуција 1920 х 720 точки, што овозможува да се добие мошне чиста и прецизна слика. На него се прикажуваат насоките за навигирање, информации за радиото, комплетни патни податоци, како и дијагностика и предупредувања од системите за асистенција и безбедност.

Kia Sorento, четврта генерација

Kia Sorento
Kia Sorento

Претходна објаваТест: DFSK Glory 580 · Колата што сите ја гледаме, но ја мислевме за друга
Следна објаваМакпетрол ја обнови бензинската станица на влезот во Прилеп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here