за

Читатели на Ауто Билд избираа теренци на годината

suzuki jimny svetski avtomobil 2019

Вкупно 219 модели со погон на сите тркала освојуваа гласови во изборот на читателите на посебното издание на германскиот Ауто Билд. Изборот се одржа 19-ти пат, меѓу победниците не недостига ниту Suzuki Jimny, но и Mercedes G-Class.

Кога почнуваат најголемите теренски авантури, специјализираното издание за теренски возила на Ауто Билд обично јавува за големата прослава, на којашто се прогласуваат победниците во изборот за најдобри теренски автомобили според гласовите на читателите. Годинава е поинаку и традиционалниот и масовен собир изостанува, поради корона-кризата. Но, таа не беше пречка да се избројат гласовите од читателите на Ауто Билд Алрад и да се прогласат победиците во 10-те категории.

Во 19-та година на одржување на изборот на Ауто Билд, вообичаено се избираа победници во општа конкуренција и во конкуренција само на увозни марки. Во три од категориите победија увозни марки, почнувајќи уште од првата категорија, на теренци и СУВ-модели до 35.000 евра, кадешто победи Suzuki Jimny против 29 конкуренти. Класичарот освои 14,8 проценти од сите класови во оваа категорија.

Во продолжение, сите победници по категории, во изборот на читателите на Ауто Билд Алрад.

Теренци и СУВ-модели до 35.000 евра:

  1. Suzuki Jimny
  2. Skoda Karoq
  3. VW T-Roc
  4. Audi A2
  5. Subaru Forester

Теренци и СУВ-модели од 35.000 до 50.000 евра:

  1. Jeep Wrangler
  2. Skoda Kodiaw
  3. VW Tiguan
  4. Toyota Land Cruiser
  5. Mercedes GLB

Теренци и СУВ-модели над 50.000 евра:

  1. Mercedes G-Class
  2. Land Rover Defender
  3. Audi A8
  4. BMW X5
  5. Lamborghini Urus

Теренци и СУВ-модели над 50.000 евра (увозни марки):

  1. Land Rover Defender

Кросовери со погон на сите тркала:

  1. Audi A6 Allroad
  2. Volvo V90 Cross Country
  3. Mercedes E-Class All Terrain
  4. Subaru Outback
  5. Audi A4 Allroad

Кросовери со погон на сите тркала (увозни марки):

  1. Volvo V90 Cross Country

Хибридни и електрични автомобили со погон на сите тркала:

  1. Porsche Taycan
  2. Mitsubishi Outlander PBEV
  3. Audi e-tron
  4. Toyota RAV4 Hybrid
  5. Audi Q5e

Хибридни и електрични автомобили со погон на сите тркала (увозни марки):

  1. Mitsubishi Outlander PHEV

Пикапи:

  1. Ford Ranger
  2. VW Amarok
  3. Mercedes X-Class
  4. RAM 1500
  5. Toyota Hilux

Пикапи (увозни марки):

  1. RAM 1500

Патнички автомобили со погон на сите тркала до 40.000 евра:

  1. Skoda Octavia
  2. BMW серија 1
  3. Mercedes CLA
  4. Audi A3
  5. Subaru Impreza

Патнички автомобили со погон на сите тркала над 40.000 евра:

  1. Porsche Panamera
  2. Audi A6
  3. Skoda Superb
  4. Kia Stinger
  5. BMW серија 5

Патнички автомобили со погон на сите тркала над 40.000 евра (увозни марки):

  1. Skoda Superb

Спортски автомобили со погон на сите тркала:

  1. Porsche 911
  2. Nissan GT-R
  3. Jaguar F-Type
  4. Mercedes-AMG GT
  5. Audi R8

Спортски автомобили со погон на сите тркала (увозни марки):

  1. Nissan GT-R

Ванови со погон на сите тркала:

  1. Volkswagen T6 Multivan
  2. Mercedes V-Class
  3. BMW серија 2 Tourer
  4. Ford S-Max
  5. Ford Galaxy

Ванови со погон на сите тркала (увозни марки):

  1. Seat Alhambra

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley произведе 20.000 примероци од СУВ-моделот Bentayga

Bentley произведе 20.000 примероци од СУВ-моделот Bentayga

Рекорд на Ford Mustang Најмногу „мустанзи“ на авто-кино.jpg

Рекорд на Ford: Најмногу „мустанзи“ на авто-кино