за

Така изгледаа немирните години на Toyota RAV4

Така изгледаа немирните години на Toyota RAV4
Така изгледаа немирните години на Toyota RAV4

Тоа што денешната генерација на Toyota RAV4 го постигнува со впечатливиот изглед и со напредната технологија, првата генерација на овој модел го постигнуваше со шарена каросерија по пример на традиционалната јапонска бингата. Конфигурирањето на возилото, тогаш се правеше со брошури и со фолии во боја. Техно-поглавје и екологија, секако дека и тогаш не отсуствуваа во Toyota.

Кога светот првпат ја виде Toyota RAV4 пред 26 години, тоа беше сензација. Не постоеше категорија на возила, во којашто можеше да се позиционира овој модел. RAV4 се разликуваше од сé друго, тој ги постави темелите за сосем нов вид на возила. За тоа време необичниот концепт успеа, затоа што зад него стоеше Toyota, со своите прекалени теренци од ковот на Land Cruiser или Hulux.

Во создавањето на немирниот и посебен дух на првиот компактен СУВ учествуваше и едно поглавје, на коешто ќе се сетат сите кои тогаш се развеселуваа, кога ќе го видеа автомобилот на улица. Или во сопствената гаража. Toyota нудеше избор од дури 136 комбинации на бои за RAV4. Дури и во рекламите од тоа време се спомнуваше дека може да се избере бојата на каросеријата да биде иста со бојата на омилениот џемпер.

Традиционалната бингата беше основа на идејата да се понуди возило во повеќе бои

RAV4 изгледаше различно, но и луѓето го доживуваа различно поради тоа. Пред пет генерации и пред повеќе од десет милиони примероци, RAV4 FunCruiser воведе еден вид автомобилска мода. Автомобилот се спомнуваше и надвор од автомобилската сфера, тој беше поп-арт уметничко дело. Секако дека Јапонците имаат традиција и за тоа. Шаренилото во палетата од бои е главна одлика на бингата. Тоа е традиционална јапонска изработка на бојадисано платно. Во тие бои има натамошна смисла, тоа се боите на природата, морето, светлината и сонцето.

Купувачите можеа да ги избираат боите на RAV4 во концепт што беше наречен Colour Plus Paket. По изборот на каросериска изведба со 3 или 5 врати, и изборот на бојата на каросеријата, следеше вистинската забава. Каросериските додатоци, односно браникот, страничните панели, праговите, арките на крилата и друго, можеа да се изберат во различна боја. Идејата беше на тој начин да се пренесат пораките на возилото: Разонода, слобода и авантура.

Боите имаа имиња опал, лаванда, зелена лагуна, азурно сина, сончево жолта или вулкански црвена. Во различна боја можеа да бидат изведени и спојлерите, капакот за резервното тркало, заштитниот лак напред, заштитата на праговите и панелот во задниот дел. Во пакетот Colour Plus 2, дел од овие додатоци можеше да се нарачаат во изведба од нерѓосувачки челик. Секако дека дизајнерите на Toyota подготвија и соодветен избор од бандажи, кои беа стандарден дел од пакетот.

Како се снаоѓаа купувачите во „аналогните“ времиња, без конфигуратори и виртуелна реалност?

За купувачите да не се „изгубат“ во изборот од бои и нивни комбинации, во салоните се дистрибуираа специјални брошури со мустри од боите и со фолии во боја. Така можеше во домашниот мир да се направи вистинската комбинација за сечиј вкус.

Во целата приказна, секако дека пак не недостига и технологија. Toyota можеше да го постигне шаренилото благодарение на пластиката со сопствена формулација на јапонската марка, со име Toyota Super Olefin Polymer. Покрај тоа што пластиката се бојадисуваше лесно, таа исто така се рециклираше лесно, па дури се користеа и лакови растворливи во вода.

Тоа се случуваше пред повеќе од 20 години. И навистина „се случуваше“. Во 1997 година дури беше формирана и музичка група со име FunCruiser, која се искачи високо на топ-листите со својот летен хит „Fun in the Sun“.

Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“
Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Спојувањето меѓу Peugeot и Fiat може да се одложи

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд