за

Работилница во Торино ја враќа во живот Lancia Stratos

Работилница во Торино ја враќа во живот Lancia Stratos
Работилница во Торино ја враќа во живот Lancia Stratos

Една мануфактура во Торино, во градот на Fiat и во седиштето на многубројните и прочуени студија за автомобилски дизајн, во неколкуве изминати години е посветена на еден од најексклузивните автомобили на сцената. Приказната е за Паоло Гарела, некогашен директор за специјални проекти во Pininfarina, кој заедно со својот син Рикардо, во 2014 година ја основаа малечката, но значајна фирма MAT. Целта беше автомобилските соништа да се претвораат во реалност, со комплетен ангажман, почнувајќи од конструирање, до изработка на уникатни автомобили.

Со избран тим од дизајнери и инженери, MAT досега учествуваше во бројни егзотични проекти, како уникатниот Ferrari P4/5 Competizione и сериите SCG003C и S, по нарачка на американскиот колекционер и бизнисмен, Џим Гликенхаус. Истото важи и за Apollo Intensa Emozione, но и за актуелниот хиперавтомобил со електричен погон Aspark Owl.

Фирмата првпат го привлече вниманието во 2010 година, со прототипот на Lancia Stratos. Проектот стартуваше со производство дури пред две години, затоа што претходно мораше да се откупи лиценца за производство на автомобилот од германската компанија со име New Stratos GbR, во сопсвеност на германскиот милијардер Михаел Штрошек.

Именуван како The New Stratos, автомобилот е омаж на оригиналот од 1970-те години. Основа е Ferrari F430, којашто потоа се модифицира темелно со цел да се заштеди тежина и да се подобрат возните својства и перформансите. Карбонската каросерија и олеснетата челична рамка заштедуваат 80 килограми. Меѓуоскиното растојание е скусено 20 cm, за да се постигне мера како кај оригиналот. Со натамошни преправки од MAT, осумцилиндарецот на Ferrari од 4,3 литри постигнува над 550 КС.

Во многу детали, The New Stratos е верен на оригиналот. Тоа може да се забележи, на пример, во преградата за шлемот што е изведена во вратата. Целата серија од автомобилот ќе заврши со 25 примероци. Не само поради тоа, оваа „реинкарирана“ Lancia Stratos е еден од најексклузивните автомобили на сцената моментно. Во иднина, исто така.

https://www.instagram.com/p/B_F4VSiKUA1/

https://www.instagram.com/p/B–DGgElh2E/

https://www.instagram.com/p/B9T2i0aoNx0/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа

Моделите на Kia добиваат „Уво“ за нови онлајн услуги

Моделите на Kia добиваат „Уво“ за нови онлајн услуги