за

Aspark Owl со 2012 КС ќе забрзува под две секунди до темпо 100

Aspark Owl
Aspark Owl

Јапонската фирма Aspark си постави предизвик да направи автомобил со најдобро забрзување во светот. Погонот за таков потфат секако дека е електричен, исто како што и цената од близу три милиони евра не изненадува. Болидот со име Owl (ут) ќе се произведе во серија од само 50 примероци.

Неверојатни се вредностите што се најавуваат. Спринт од место до темпо 100 за покусо од две секунди, моќност од 2.012 КС и крајна брзина 400 километри на час. Сето тоа е заслуга на електромоторите коишто ја сочинуваат погонската спрега. Со полна батерија ќе може да се вози до 450 километри.

Овој екстремен автомобил со име Owl (ут) не е висок ниту еден метар. Максималниот вртежен момент изнесува 2.000 њутнметри. Јапонците наведуваат податок дека спринтот од место до 300 km/h ќе трае покусо од единаесет секунди.

Компанијата Aspark ќе ја изработи планираната серија од 50 примероци во Торино, кај Manifattura Automobili Torino. Првите примероци треба да се испорачаат веќе во вториот квартал од 2020 година. При основна цена од 2,9 милиони евра, заинтересираните клиенти треба да остават капар во висина од 50.000 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Седум милиони електрични возила се регистрирани во светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLA

Mercedes го најавува осмиот A-Class: Кросоверот GLA премиерно на 11-ти декември

Крадците на коли најдоа корисна алатка во WhatsApp

Крадците на коли најдоа корисна алатка во WhatsApp