Mercedes го најавува осмиот A-Class: Кросоверот GLA премиерно на 11-ти декември

Mercedes GLA
Mercedes GLA

По матичната изведба со пет врати A-Class и ванот B-Class, по лимузинската A-Class и нејзината продолжена изведба A-Class L, по купе-лимузината CLA и купе-комбито CLA Shooting Brake, по теренецот GLB, Штутгарт го најавува и осмиот член во семејството модели од компакт класата, кросоверот Mercedes GLA.

Последниот член во моделското семејство околу A-Class пристига во голем стил, дури и единствен. Првпат во историјата, Mercedes ќе одржи премиера на свој автомобил во дитигална форма. Новата генерација на кросоверот Mercedes GLA ќе се покаже првпат пред светот преку платформата за комуникација Mercedes me media. Светската премиера е закажана на 11-ти декември во 14.00 часот. По настанот ќе остане видео снимка за преземање директно од веб-страницата.

Идејата е Mercedes на овој начин да покаже дека масовната трансформација во компанијата ја опфаќа и самата комуникација. Проширената реалност (Augmented Reality) преку којашто GLA ќе ја оджи својата премиера, ќе биде содржана и во самото возило. Презентацијата ќе ја одржат Ола Келениус, шеф на Daimler AG и на Mercedes-Benz AG, и Горден Вагенер, главен дизајнер на групацијата Daimler.

Повисок за десет сантиметри и воедно покус за 1,5 сантиметар, новиот Mercedes GLA ветува просторно чувство како воСУВ

Новиот GLA е озмата моделска изведба во гамата на A-Class, а воедно претставува и влез во гамата на СУВ-модели и кросовери на Mercedes. Висината е зголемена за повеќе од десет сантиметри, со цел седењето да биде на уште повисоко отколку кај претходникот и да се постигне типичното СУВ-чувство во кабината, со многу простор до таванот. Се спомнува и повеќе простор за колена за патниците назад, иако каросеријата е скусена за 1,5 сантиметар.

https://photos.app.goo.gl/zgRGYoJXpjHtAnsL6

Околу дизајнот, само се навестува дека каросериските превиси се скусени, меѓу другото заради подобра теренска проодност. Предниот дел на возилото ќе биде повеќе исправен, во стил на теренско возило, а ќе има и впечатливи заштитни облоги по праговите и крилата, како и заштитни панели за подвозјето.

Од системите за асистенција, како новитети се најавува активна асистенција при сопирање, самостојно повлекување на возилото настрана при доаѓање на амбулантно возило и предупредување при отворање врата за велосипедист или возило што наидува.

https://photos.app.goo.gl/Gf73sGbHNeP2X41Y7

https://photos.app.goo.gl/DBrH6xAVoSQ88yt96

https://www.instagram.com/p/B5SsoQsJDr0/

Mercedes GLB со седум седишта во салоните во декември

Претходна објаваВо новата населба во Берлин ќе (се) вози само Toyota
Следна објаваAspark Owl со 2012 КС ќе забрзува под две секунди до темпо 100

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here