Toyota ќе обезбеди неколку нови видови на превоз во населбата во Берлин, којашто се гради според посебни стандарди за заштита на животната средина и општо со цел да се обезбеди највисок квалитет на живот.
Финансискиот огранок на Toyota почнува да се занимава со превозни услуги. Кредитната банка на Toyota во Германија ќе биде задолжена за осмислување и изведување на превозот во Нојлихтерфелде, нова населба што се гради во јужниот дел на Берлин.
Нојлихтерфелде ќе биде иновативен, еколошки и економски кварт за урбано живеење според стандардите на 21-от век. Проектот предвидува изградба на повеќе од 2.500 станови, три детски градинки, едно основно училиште и еден плоштад, кои ќе стојат на располагање за 6.000 лица. Проектантот Groth Gruppe обезбеди поддршка од четири партнери за иновативност, во подрачјата на мобилноста, енергијата, социјалата и животната средина.
Одговорноста за подрачјето на мобилноста ѝ припадна на кредитната банка на Toyota. Директорот на банката, Аксел Нордикер коментира: „Toyota моментно се наоѓа на прествртница од производител на автомобили во понудувач на услуги на превоз. Кредитната банка на Toyota го потпомага процесот на промени, на пример со проекти како што е Нојлихтерфелде.“
Целта е обичниот сообраќај со автомобили во новата берлинска населба да се сведе на најмала можна мера, со примена на иновативен концепт на мобилност. Жителите главно ќе го користат јавниот сообраќај. Toyota ќе обезбеди директен превоз до и од станиците на јавниот превоз, со најразлични видови на мобилност, од кои дел ќе се применуваат првпат во европски рамки.
Главната замисла е преку концептот да се намалат потребата од паркиралишта, загаденоста на животната средина, бучавата, сообраќајниот метеж и потребата на жителите во квартот да поседуваат сопствен автомобил.
Меѓу иновативните концепт на мобилност ќе биде „заеднички“ парк од возила, кој што ќе им стои на располагање на жителите на просторот на населбата. Возилата ќе може да се користат според принципот на Carsharing, со помош на мобилна апликација. Покрај тоа, жителите ќе можат да користат и таканаречени решенија за микромобилност, од типот на електрични велосипеди, товарни велосипеди на струја и електрични скутери, но и нови концепти на возила.
За заокружување на сосем различниот концепт, ќе постојат и минибуси, коишто ќе се повикуваат преку мобилна апликација, со приспособлива рута, според одредиштето на секој патник одделно.
Преку концептот на мобилност на Toyota, емисијата на СО2 на годишно ниво ќе се смали за околу 1.200 тони, што одговара на површина од 92 хектари под шума, којашто за една година може да ја апсорбира посочената количина на јаглероден диоксид.
Toyota организира автоматизиран превоз за Олимпијадата Токио 2020