за

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа
Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа

Автомобилската индустрија е погодена од корона-кризата, продажбата на автомобили се преполови. Но, правилото е дека во секоја криза има победници и губитници. Некои марки се поставени подобро и ќе претрпат помала штета. Volkswagen дури го зголеми пазарниот удел, додека Peugeot и Fiat изгубија многу од пазарот што им припаѓаше пред кризата.

Светот почнува да функционира во „новото нормално“, со свеста дека опасноста сé уште е околу нас и дека мора да се внимава на сопственото и на здравјето на заедницата. Почнуваат да се враќаат и продажбите на автомобили, откако истите во повеќето држави беа затворени, поради пандемијата.

Уште е рано да се зборува за трендови, но се наѕираат општите победници меѓу автомобилските „видови“. Продажбата во СУВ-сегментот расте на повеќето од големите пазари за автомобили во Европа. Наспроти тоа, слабее продажбата на класичните комби-изведби, на вановите и лимузините. Оттука може да се заклучи дека победници во кризата ќе бидат оние марки и концерни што имаат широка понуда од теренци и СУВ-модели. Тоа е сегментот што заздравува најбрзо.

Според конечните статистики за европскиот пазар за април, концернот Volkswagen со своите автомобилски марки го зголемил уделот за 3,9 проценти и сега држи 28,9 проценти од пазарот. Тоа значи дека речиси еден од секои три продадени автомобили во април, доаѓа од една од марките на германскиот концерн. Во одлична форма се покажа и BMW, кој го зголеми уделот за 2,5 процентни стапки, на 8,8 проценти од пазарот.

Mercedes со своите 0,1 процент во плус докажува дека во овие кризни времиња е достигнување дури и да се балансира околу нулата. Тоа важи и за Peugeot, односно за концернот PSA, кој со сите свои марки – вклучувајќи го и Opel – изгубил 3,1 проценти од пазарот и сега држи 13,2 проценти. Кај нивните земјаци, групацијата Renault (Dacia, Lada), падот сепак е помал и изнесува 0,6 проценти, додека уделот моментно им изнесува 9,8 проценти.

Најлошо е кај Fiat Chrysler (Jeep, Alfa Romeo…), кои во април учествувале на целиот европски пазар со само 3,7 проценти, што е 2,9 проценти помалку од истиот месец лани. Но, пак е релативно и заклучоците мора да се гледаат со резерва, затоа што целиот пазар е драстично смален во споредба со минатата година, односно пред корона.

На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира

Работилница во Торино ја враќа во живот Lancia Stratos

Работилница во Торино ја враќа во живот Lancia Stratos