Renault не планира во видно време да го препушти своето лидерство на европскиот пазар на електрични автомобили и в година ќе стартува со продажба на Dacia Spring. Достапниот електромобил од романската марка е втората голема вест од Французите, откако синоќа го најавија и кросоверот на струја на Renault, што веројатно ќе го пополни местото на Scenic.
Renault Zoe го заврши најтешкиот дел од мисијата. Француската марка докажа дека и малечок автомобил со електричен погон може да постигне одличен успех на пазарот. Сега следи вториот дел од мисијата. Dacia Spring ќе го помести ценовниот праг на електромобилноста за уште едно скалило подолу. Малечкиот кросовер со погон на струја беше најавен уште во почетокот на март.
Со новиот шеф Лука де Мео, концернот најавува уште помасовна електрификација. Класичните модели Sandero и Logan неодамна зачекорија во новата и зналително унапредена генерација. Таму нема промени, мотори со внатрешно согорување се сосем доволни. Затоа пак, моделот што романската марка го најавува сега, во поглед на погонот прави два чекори напред.
https://photos.app.goo.gl/29EBKX8cB9UP2mGu7
Каросеријата на Dacia Spring Electric е идентична со Renault City K-ZE, со должина од 3,73 метри. Малечкиот кросовер веќе извесно време се продава на азискиот пазар. Погонот со 45 КС и вртежен момент од 125 њутнметри не ветува голема динамика. Романците заштедуваат на електромоторот, но не и во досегот. Spring ќе минува до 225 километри со едно полнење, што е повеќе од доволно за едно полнење да служи цела работна седмица.
Крајната брзина е 125 километри на час и вообичаено е ограничена за да се спречи пребрзо празнење на батеријата од 26,8 kWh. Доколку погонот се префрли во градски режим, во кој моќноста се намалува на 31 КС. На сметка на моќноста се продолжува досегот и во тој случај може да се смета на 295 километри до следното приклучување на полнач.
https://photos.app.goo.gl/JFUJAV5aNf4gZERYA
При приклучување на полнач со еднонасочен напон и моќност од 30 kW, батеријата се полни до 80% за помалку од половина час. Доколку се користи обичен полнач (3,7 или 7,4 kW), времетраењето на полнењето е меѓу пет и осум часови.
Одреден дел од продукцијата на Dacia Spring Electric ќе биде наменет и за јавни возни паркови (carsharing)
Со меѓуоскино растојание од 2,42 метри, мини-кросоверот нуди простор за четири патници. Багажникот располага со зафатнина од 300 литри, со соборување на клупата се добива двојно повеќе простор. Возните информации за погонот се прикажуваат на дисплеј од 3,5 инчи меѓу класичните инструменти.
Во повисоките нивоа на опрема ќе бидат достапни говорни команди и поврзување со мобилен телефон, средишен дисплеј од седум инчи, заедно со навигација, блутут и приклучок USB.
Редовната цена се очекува да биде под 20.000 евра. Со масивните субвенции во одредени држави, цената на електричната Dacia ќе биде многу под споредбените модели со обичен погон.
https://photos.app.goo.gl/uC72Tt3XHJdnCTQUA
>>> Следниот Renault Megane ќе вози на струја

















