Renault Megane eVision сега се појавува како студија за електричен автомобил, но таа веќе од следната година ќе се претвори во модел од сериско производство. Францускиот специјалист ветува дека електричниот Megane ќе постави мерила во погонот, батеријата и полнењето.
Студијата на кросовер Renault Megane eVision е прво возило што ја користи новата и приспособлива платформа CMF-EV. Оваа платформа понатаму ќе се користи за новите модели на сојузот Renault-Nissan-Mitsubishi. Со неа се означува почетокот на новата генерација електрични автомобили од францускиот производител.
Батеријата располага со 60 kW, моќноста е 217 КС, можноста за приклучување на полначи со еднонасочен напон ветува брзо полнење. Со батерија што посетува една од најкомпактните конструкции моментно во понуда и со исклучително компактна погонска спрега, идниот кросовер од Megane ќе нуди мошне просторна кабина.
https://photos.app.goo.gl/fc3Stvfpv3RzESs99
Со должина од 4,2 метри, Mégane eVision е покус за 16 сантиметри од тековниот модел со 5 врати, но нуди повеќе простор и напред и назад. Изгледот соединува елементи од СУВ и од комбилимузина. Тоа што Французите го најавуваат со eVision всушност е идниот Scenic, со елементи на кросовер.
Дизајнот освојува и тоа не е ништо ново за Renault. Посебни детали се хаубата со моќни контури и два отвори за воздух, заедно со моќните крила и со тркала од 20 инчи. Тие се во иста линија со каросеријата и придонесуваат за врвна аеродинамичност.
https://photos.app.goo.gl/9bUSi6nHy7LBYdtr7
Шемата на светлата е нова и се нарекува Living Lights. Светлечки модули со матрична диодна техника се распоредени по целата ширина на каросеријата, а во средината моќно тронува ромбот на Французите. Неколку детали потекнуваат од студијата Morphoz прикажана во март.
Опашот го следи стилот на предниот дел, со светлечка лента по целата ширина и со знакот на Renault во средината. Златното Е на крајот на името Megane укажува на електричниот погон и притоа се повикува на логото што Виктор Васарели го креираше во 1972 година.
Renault веднаш открива и дека платформата CMF-EV овозможува вградување електромотор и за задната оска, со што ќе може да се изведе и погон на сите тркала. Техниката веќе мина обемни тестирања во Франција и Јапонија, а тест-прототипите досега имаат поминато повеќе од три милиони километри.
https://photos.app.goo.gl/2pC66sRwMGNSmUTz5
https://photos.app.goo.gl/mB4gQY1rCftH4YDD7
https://photos.app.goo.gl/n8ehN5JM9GGFwmdK8
https://photos.app.goo.gl/bipF3SZoniB3Pww89
















