за

Фабриката на Tesla во Берлин мирува, не платиле за вода

Прекината е изградбата на фабриката во Гринхајде. Градежните работи привремено се запрени, затоа што нема вода. Причината е неплатена сметка.

tesla гига фабрика берлин

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla мора привремено да ги прекине градежните работи на фабриката во Гринхајде, во близина на Берлин. Нема снабдување со вода на градилиштето.

Локалната компанија за водоснабдување го прекинала испорачувањето вода за градилиштето на Tesla, затоа што производителот на автомобили не ја платил сметката. Калифорниската компанија повеќепати добила опомена и најава за исклучување. Во меѓувреме истекол рокот од 14 денови. „Tesla нема да добие различен третман од останатите“, посочуваат од компанијата за водоснабдување. Откако ќе биде платена сметката, водата повторно ќе се пушти.

Исклучувањето се случува во најлошото можно време за американскиот производител. Градежните работи се во полн тек. Планот е Tesla во следното лето да започне со производство на електричниа втомобили во месноста Гринхајде, во близина на Берлин. Во првиот чекор е предвидена продукција од 500.000 електрични автомобили годишно. Фабриката ќе вработува 12.000 лица.

Локалниот огранок со име Tesla Manufacturing Brandenburg SE неодамна склучи договор за снабдување со вода. Тој договор сепак ќе важи откако ќе биде завршена првата фаза од изградбата. Tesla моментно се снабдува со вода од привремен приклучок.

Германската покраина Бранденбург уште нема издадено одобрение за животна средина за фабриката. Tesla гради со привремени одобренија. Активистите за животна средина и мештаните предупредуваат дека фабриката ќе го попречи снабдувањето со питка вода и дека му се наштетува на блискиот природен резерват.

>>> Tesla постигна рекордно тромесечје, испораките пораснаа 24 проценти

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Kuga III 2019 premiera

Ford влегува во СО2-сојуз со Renault

Renault Megane eVision

Следниот Renault Megane ќе вози на струја