за

Tesla постигна рекордно тромесечје, испораките пораснаа 24 проценти

Tesla пријави рекордни производство и испорака во третото тромесечје. Бројот на испораки се зголемил за 27.000 возила.

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Калифорнискиот производител на електрични возила постигна рекорд во бројот на произведени и испорачани автомобили во третото тромесечје. Претходниот рекорден квартал е надминат за 24 проценти.

Како што шефот Илон Маск навести со пораката што претходно ја испрати до своите вработени, Tesla постигна рекорден квартал во овој чувствителен период. Претходниот рекорд во бројот на испорачани возила беше постигнат во последниот квартал лани, со вкупно 112.000 возила. Во кризната 2020 година, електро-специјалистот од Фремонт испорача 27.000 возила повеќе, односно 139.300 возачки и возачи во претходниот квартал станаа сопственици на нов автомобил од Tesla.

Со нормализирањето на пазарот, по првичниот силен удар на корона-кризата врз продажбата на автомобили, Model 3 и Model Y повторно бележат голем раст во продажбата. Наспроти тоа, поголемите и поскапи Model S и Model X, продолжија да стагнираат со продажбата.

Бројот на произведени автомобили од јули до октомври е за 5.000 примероци повисок од бројот на испораки. Во соопштението од седиштето на компанијата во Фремонт се наведува дека „лагерот од возила продолжи да се празни во третиот квартал, како резултат од подобрувањето што го постигнавме во ефикасноста на испораките.“

Статистиката на електро-пионерот не е транспарентна во поглед на одделните модели, односно продажбите на Model S и Model X се водат заедно, исто како и на Model 3 и Model Y.

Производство

Испораки

Model S/X

16.992

15.200

Model S/Y

128.044

124.100

Вкупно

145.036

139.300

>>> Канадски Walmart тројно ја зголеми нарачката за камионот на Tesla

tesla semi нарачка walmart

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi A3 Sportback 40 TFSI e

Audi A3 со приклучен хибрид минува 78 km на струја

Kia на салон Ауто Кина Пекинг

Kia започнува со продажба на новите K5 и Carnival во Кина