Kia започнува со продажба на новите K5 и Carnival во Кина

Kia на салон Ауто Кина Пекинг

Заедничката компанија на Kia и Dongfeng во Кина (Dongfeng Yueda Kia Motors Co. DYK) најави почеток на нов ера, со премиерата на Kia K5, кај нас позната како Optima, и на семејниот ван Carnival. Двата модели имаа премиера на еден од ретките авто-салони годинава, на Ауто Кина во Пекинг.

Kia со својата моделска понуда на пазарот во Кина цели на млад круг купувачи, кои ги следат трендовите. Производителот од Кореја го нагласи тоа на салонот, со можноста посетителите на штандот на Kia интерактивно да се запознаат со актуелните технологии и модели на марката.

Заедничката компанија DYK (законите во Кина наложуваат странските производители на автомобили да основаат заедничка компанија со домашна фирма) ја претстави стратегијата што кусо се води како TECH. Кратенката доаѓа од Турбо, Електрификација, Конективност, Хибрид и се однесува на стратегијата на развој на модели во следните 10 години. Целта е DYK да прерасне во лидер во електромобилноста до 2030 година, со удел на возила на струја од 30 проценти во вкупната продажба на марката во Кина.

https://photos.app.goo.gl/fyAdJb7n3E3w7cuWA

Kia K5 што е изложена на штандот на Ауто Кина е од локално производство. Најпродаваната лимузина на марката во светски рамки, во новата генерација привлекува со впечатлив изглед, со ентериер што е насочен кон возачот, со напредни технологии и со нов избор од погонски единици.

Втората ѕвезда на Kia на салонот во Пекинг е четвртата генерација на семејниот ван Kia Carnival. Развиен како „Grand Utility Vehicle“, големиот ван соединува иновативност, простор, приспособливост и стил. Дизајнот има елементи од СУВ, додека за просторот во внатрешноста говори податокот дека во кабината може да има четири реда седишта.

Меѓу изложените возила на штандот на Ауто Кина се уште Kia KX3, KX5, Sportage и популарната лимузина K3.

>>> Kia вградува 17 системи за асистенција во новиот Sorento

Претходна објаваTesla постигна рекордно тромесечје, испораките пораснаа 24 проценти
Следна објаваГерманската Железница ќе пушта возови долги 374 метри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here