за

Ford влегува во СО2-сојуз со Renault

Ford годинава ќе ги пречекори лимитите на ЕУ за емисија на СО2. Плановите беа добри, но проблемот настана со сервисниот повик за Ford Kuga со приклучен хибриден погон.

Ford Kuga III 2019 premiera

Сервисниот повик за изведбата на Kuga со приклучен хибриден погон му донесе нов проблем на Ford. Поради тоа што нема да продаде доволно примероци од моделот со ниска емисија на СО2, компанијата мора да бара партнер, преку којшто ќе компензира за вишокот СО2 и ќе се спаси од плаќање пенали кон ЕУ. Можен партнер е Renault, шампион во електрични автомобили – кои не испуштаат СО2.

За веродостојноста на неколкуте случаи, во кои Ford Kuga со приклучен хибриден погон беше опфатена во пожар има многу простор за дебатирање, дали тие се случиле навистина или повеќе личи како тоа да е наместено од конкуренцијата. Производителот сепак мораше да издаде масовен сервисен повик за Kuga PHEV, што сега донесе нови проблеми.

Како што посочува самиот производител, Ford годинава ќе ги пречекори лимитите на ЕУ за ограничување на просечната вредност за емисијата на СО2 од целиот возен парк. Буквално во последна минута, Ford ќе мора да се приклучи на таканаречен отворен CO2-пул со некој од останатите производители на автомобили.

Партнер за тоа може да биде Renault. Францускиот производител нема проблеми со емисијата на СО2, затоа што голем дел од продажбата отпаѓа на електрични модели и со тоа вкупната емисија на стакленичкиот гас е ниска. Ford засега не соопштува дали ќе стапи во СО2-партнерство со Renault.

Во соопштението од компаниајта се наведува дека таа отсекогаш ги исполнувала целите на ЕУ за ограничување на штетните емисии и ќе продолжи да го прави тоа. „Тековните проблеми со Kuga PHEV и неопходното запирање со испораката, го сменија и нашиот план, сами да ги исполниме барањата на ЕУ за емисија на СО2 од нашите патнички автомобили за 2020 година“, се наведува во соопштението од Дирборн.

Ford во почетокот на септември мораше да ја запре продажбата на нови примероци од Kuga со приклучен хибриден погон во Европа. Проблемот се јави откако избувнал пожар во високонапонската техника во неколку возила. Поради тоа, Ford мораше да повика во сервис 20.808 веќе испорачани примероци од компактниот СУВ.

Производителот уште нема ја утврдено причината за проблемот и возилата смеат да се користат и натаму, но од нивните сопственици се бара да возат исклучиво со бензинскиот мотор и да не ја полнат батеријата.

Како надомест, Ford на сопствениците на Kuga PHEV им вети вредносен ваучер во висина од 500 евра за полнење гориво, како и продолжена гаранција. Проблемите со Kuga PHEV го нарушија и бизнисот во САД. Стартот на кросоверот Escape со приклучен хибриден погон е поместен за следната година. Погонот во овој модел е ист со плагин-хибридната Kuga.

>>> Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Eclipse Cross PHEV

Mitsubsihi Eclipse Cross со свеж изглед и приклучен хибрид

tesla гига фабрика берлин

Фабриката на Tesla во Берлин мирува, не платиле за вода