за

Tesla Model S и X добиваат подолг досег, до 652 километри

Кај калифорнискиот електро-специјалист продолжува да се работи под полн напон. Денешната вест од Фремонт е подолг досег за класичарите Tesla Model S и Model X.

tesla model x

Од Tesla секојдневно пристигаат вести, овојпат станува збор за Tesla Model X и Model S, кои според податоците објавени на страната на производителот на елеткрични автомобили, во иднина ќе минуваат повеќе километри со едно полнење.

Најновите зафати во класичните модели на американскиот производител на електрични автомобили донесоа продолжување на досегот, кој и досега беше шампионски во споредба со конкуренцијата. Tesla Model S во верзијата со продолжен досег во иднина ќе вози 652 место 610 километри со едно полнење. Во изведбата со уште поекстремни перформанси, досегот исто така се продолжува, од 593 на 639 километри.

Слични се промените во досегот и кај електричниот СУВ-модел. Tesla Model S во верзијата Long Range отсега минува 561 километри со едно полнење, место претходно 507 километри. Во performance-изведбата, досегот соодветно се зголемува од 487 на 548 километри. Сите вредности важат според новата норма WLTP, што значи дека се вредности блиску до реалноста.

Производителот не наведува кои зафати доведоа до новите вредности на досегот. Вообичаено, електро-специјалистот од Калифорнија го постигнува тоа со нов софтвер. Во овој случај, сепак може да се претпостави дека има и зафати во хадрверот. Пример за тие зафати дава Model Y, кој поседува ефикасна топлинска пумпа што досега не се користеше во моделите на Tesla.

>>> Фабриката на Tesla во Берлин мирува, не платиле за вода

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW вчитува нов софтвер „по воздушна линија“ во 750.000 возила

BMW вчитува нов софтвер „по воздушна линија“ во 750.000 возила

Dacia Spring Electric

Dacia ги откри сите детали за евтиниот електромобил, не и цената