Дури и најситната преправка на комбињата предизвикува одушевување меѓу обожувателите. MS-RT врши многу покрупна преправка на Transit, сепак станува збор за дело на рели-тимот на Ford. Место само кај тјунерот, изведбата на Transit што е инспирирана од релијата, отсега ќе може да се нарача комотно во салон на Ford.
Специјалистот за тјунирање Ford, британскиот M-Sport, со потесна специјалност за Transit Custom и Transit Connect, подолго време го привлекува вниманието на сцената со преработките на двата модели. MS-RT Transit Custom и Transit Connect досега беа достапни само кај тјунерот, но Ford сега реагираше на еуфоријата што се создаде околу овие возила и ќе ги нуди истите во сопствените салони на неколку избрани пазари во Европа.
Станува збор за вешти зафати во надворешниот изглед и во техниката, во класичниот манир на тјунинг-сцената, без притоа да се зафаќа во практичноста и носивоста на комбињата. Сите овие преправки се направени по пример на Fiesta WRC – којашто е развиена и се подготвува токму од страна на рели-тимот на M-Sport. Производителот има толку доверба во работата на M-Sport, што Transit ја задржува фабричката гаранција.
Може да се нарача и специјална боја за каросеријата, што инаку е недостапна во редовната понуда на Ford. Во почетокот, MS-RT Transit Custom и Transit Connect ќе бидат достапни во Франција, Унгарија, Холандија, Норвешка, Романија и Велика Британија.
https://photos.app.goo.gl/YYfgYV2T3hKbSqrC9
Тјунирањето опфаќа комплетно нова маска и нов браник, со поагресивен изглед и детали што потекнуваат од светот на мотоспортот. Под проширените крила се сместени тркала OZ Racing од 18 инчи во боја на графит. Не недостигаат прагови, исто како и дифузор и кровен спојлер назад. Издувот кај Transit Custom е двоен, додека Transit Connect прикажува четири издувни цевки. Спортски седишта, спортски волани, додатоци од карбон, посебни инструменти, сето тоа носи печат на MS-RT.
MS-RT Transit Custom вози со дволитарски дизел со 185 КС и 415 Nm, по желба во комбинација со 6-степен автоматик. MS-RT Transit Connect користи 1,5-литарски дизел со 120 КС и 270 Nm, со опција за осумстепен автоматик.
https://photos.app.goo.gl/8rNmyEi7CU1SsPYX6
https://photos.app.goo.gl/hkzbYPRophSbTHGV9
https://www.instagram.com/p/CCYWlMGndQ3/
















