Suzuki V-Strom 1050XT е мотоцикл на годината според Мото Журнал

suzuki v-strom-1050xt

Францускиот магазин Мото Журнал, кој важи како еден од највлијателните на мото-сцената, го одликуваше новиот Suzuki V-Strom со титула на мотоцикл на годината. По обемните тестирања, експертите дадоа посебно добри оцени за возните својства, спецификацијата и цената.

Новото годиште на V-Strom 1050XT го користи познатиот мотор V-twin со зафатнина од 1.037 сантиметри кубни и ја исполнува нормата на штетни материи Еуро5. Моќноста во споредба со претходната генерација порасна на 107,4 КС (79 kW), што е за 7 проценти повеќе.

Додека дизајнот се навраќа на стилот на оригиналниот и ценет DR Big, оддавајќи ѝ чест на оригиналната авантуристичка машина, технологијата е сосем во чекор со времето. Целиот пакет од елсктронски системи за контрола и асистенција се води како SIRS, од Suzuki Intelligent Rider System. Пакетот се состои од ABS што реагира зависно од навалувањето и има два режими на работа, контрола на тракција и контрола зависно од оптоварувањето, плус три модуси со различна моќност.

Претходна објаваMercedes Sprinter излегува од четири фабрики на три континенти
Следна објаваFord Transit во „рели“ изведба во редовна салонска понуда