Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки

Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки
Новите генерации BMW M3 и M4 созреваат на тркачките патеки

BMW M GmbH се подготвува за смена на своите спортски икони. Новите BMW M3 и M4 Coupe моментно се во најважната фаза од созревањето пред влегување во сериско производство, со возно динамичките тестови по тркачките патеки. Под хаубата работи нов шестцилиндарец во линија, со зголемена моќност, кој заедно со посебното дотерано подвозје од M-инженерите ќе се погрижи за нови стандарди меѓу екстремните спортски лимузини и купеа во средната класа.

Доработката во сите подрачја, почнувајќи од погонот, водењето на тркалата и амортизацијата, до управувањето и системот за сопирање, бара M3 и M4 да минат обемно тестирање по јавни патишта, во сопствените тест-центри на BMW во Мирамас во Јужна Франција и на Арјеплог во Шведска, како и по повеќе тркачки патеки.

Главниот „збор“ секако дека припаѓа на Нирбургринг, каде што најдобро се докажува колку е погодена заедничката работа на погонот и подвозјето. Меѓу бројните патеки спаѓа и Заксенринг, каде што деновиве се возат прототипите на идните М-модели.

Со секој автомобил на BMW M донесуваме технологија од мотоспортот на патиштата. Новите BMW M3 Limousine и BMW M4 Coupé го следат овој принцип на најдоследен начин. Двата модели веродостојно ја продолжуваат традицијата на најуспешниот модел во трките со туристички автомобили во светски рамки. Резултатите од возењата за крајно дотерување ни покажуваат дека новата моделска генерација значително ќе ги надмине своите претходници во поглед на перформансите.

Маркус Флаш, директор на BMW M GmbH

Исто како сите актуелни M-модели, така и новите M3 и M4 ќе се нудат во две верзии на моќност. Покрај изведбата со 480 КС и 6-степен мануелен менувач ќе има и модел Competition со 510 КС и со 8-степен M Steptronic. Мануелниот менувач ќе ги израдува традиционалистите и пуристите. Подоцна ќе се придружи и верзија со погон на сите тркала, со M xDrive.

Премиерата на спортските икони се планира за средината на септември.

https://photos.app.goo.gl/wAPg1bd8n8ueJqjbA

https://photos.app.goo.gl/aodwf8j3UKrRBKkL9

https://photos.app.goo.gl/rwqQK3PA4g1bmPWh6

https://photos.app.goo.gl/id5gL8VA18jC9Fi19

https://www.instagram.com/p/CCE7JAFKjN3/

Тест: BMW 218i Gran Coupe

Претходна објаваBentley Bentayga со нов залет по првите 20.000 примероци
Следна објаваSuzuki Across вози 75 km на струја и личи многу како Toyota RAV4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here