Од отворањето на претставништвото во 1993 година, Kia досега продаде еден милион автомобили на германскиот пазар. Славеничкиот модел е кросоверот Kia XCeed.
Kia ја одбележа продажбата на едномилионитиот автомобил во Германија. Директорот на претставништвото на Kia Motors за германскиот пазар, Штефен Кост, го предаде славеничкиот автомобил на брачниот пар Евелин и Ханс Гинтер Торке, во салонот на дилерот во градот Моерс, во сојузната покраина Северна Рајна – Вестафалија.
Корејската марка првпат пристигна официјално на германскиот пазар во 1993 година. Јубилејниот автомобил е хит-кросоверот XCeed, модел кој неодамна беше на тест во нашата редакција.
За динамиката на продажба одлично говори фактот што половина од продажбата е постигната во периодот од 2012 година. Лани во земјата беа продадени близу 70.000 нови автомобили на Kia. Марката пет години во низа бележи нови рекорди на овој пазар, којшто е водечки по бројот на продадени автомобили во Германија.
Во германскиот град Франкфурт на Мајна се наоѓа и седиштето на европскиот огранок на Kia, под чијашто надлежност припаѓа и македонскиот пазар.
https://www.instagram.com/p/B9Tk74Tg45y/
















