Mitsubishi најавува освежување за Pajero Sport

mitsubishi pajero sport 2019
mitsubishi pajero sport 2019

Pajero Sport имаше впечатлива појава и по македонските патишта, кога пристигна првата генерација пред дваесетина години. Моделот што го спојува името на легендарниот теренец и робусноста на пикапот L200, во меѓувреме е во третата генерација и се подготвува за освежување кон крајот на месецов.

Mitsubishi најави моделско освежување на Pajero Sport на 25-јули, во Тајланд, кадешто е најголемиот пазар во светот за овој достапен СУВ и, логично, една од носечките фабрики во коишто истиот се произведува.

Актуелниот модел е од третата генерација и беше претставен во 2015 година. Замислата зад моделот секогаш беше истата, да се спои искуството што го има Mitsubishi во возила за тешки услови и во погонот на сите тркала, со пикап или камионетот L200, со цел да се постигне подостапна цена од култниот Pajero.

Промените што ги најавува Mitsubishi се сведуваат на предниот дел од возилото, кој ќе го добие елегантниот стил од Eclipse Cross. Лани и самиот L200 имаше моделско освежување, преземајќи го изгледот од Pajero Sport. Идејата на претстојниот редизајн е веројатно да се воспостави поголема стилска разлика меѓу пикапот L200 и Pajero Sport.

Моментниот изглед на Mitsubishi Pajero Sport по премиерата во 2015 година

https://photos.app.goo.gl/TTK87mSf2bm48iH39

Под хаубата работи 2,4-литарски дизел со единствената технологија Mivec на Mitsubishi, во комбинација со осумстепен автоматик.

Освен во дизајнот, Mitsubishi најавува новини и во практичноста, комфорот, завршната изработка и материјалите. Pajero Sport веќе две генерации не се нуди на поширокиот европски пазар.

Претходна објаваЛукоил отвори нова станица за гориво во Ченто
Следна објаваMini вози на струја, повторно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here