Сопствениците на електрични автомобили некогаш имаат проблем да ги наполнат батериите, затоа што возила со обичен погон се паркираат пред полначите. Тоа обично се случува поради невнимание. Овој случај во САД е посебен: Возачи на пикапи намерно ги блокирале полначите на Tesla.
Возачка на Tesla од Северна Каролина била жртва на еден необичен протест. Возачи на пикапи ги блокирале сите слободни полначи на Tesla, поради што возачката не можела да го приклучи своето возило за полнење. Американскиот блог Jalopnik известуваше за овој груб случај, откако возачката претходно ги објави фотографиите на мрежата Reddit: „Пикапите ги блокираа сите полначи, а возачите извикуваа ‘f..к Tesla’”, пишува вознемирената дама.
Случајот од САД поттикна жешки дискусии по социјалните медиуми. Полначите на Tesla се поставени на станица за гориво. Сопственичката на електричниот автомобил пишува дека вработените на станицата ги натерале возачите на пикапи да ги отстранат возилата и да ги ослободат полначите.
Во групите на корисници на електрични автомобили на фејсбук честопати се прикажуваат блокирани полначи за струја, жаргонски „ICE-d“
Овој пример на блокирање поради нетрпеливост кон возачите на електрични автомобили е редок исклучок. Меѓутоа, во групите на корисници на електрични автомобили на фејсбук и други социјални мрежи, честопати се пријавуваат случаи кога полначите за струја се блокирани од обични возила. Жаргонски, полначите за автомобили на струја во тој случај се „ICE-d“, што доаѓа од „Internal Combustion Engine“, односно мотор со внатрешно согорување.
Полначите за струја честопати се блокираат ненамерно, затоа што возачите едноставно си наоѓаат слободен простор за паркирање. Токму од тие причини се врши впечатливо обележување на асфалтот и се поставуваат големи табли на коишто јасно се посочува дека станува збор за простор резервиран за корисниците на електрични возила. Тие, пак, можат да повикаат пајак-служба, а „прекршителот“ дополнително ќе плати и казна за погрешно паркирање.
Раздвижена атмосфера на станица со суперполначи на Tesla во Норвешка
Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија
Opel поставува 160 полначи за електромобили во Риселсхајм
Кинескиот Nio има уште еден модел: Празната батерија се заменува со полна
Струја за сто километри со само три минути полнење
















