за

Alpine добар колку Porsche: Споредбен тест на Ауто Билд

алпине а110 против порше кајман ауто билд

Дали Alpine A110 може да му се спротивстави на Porsche 718 Cayman? Одговорите од овој вид најдобро ги знае германскиот магазин Ауто Билд.

Од специјалистите за сите видови автомобилски тестови, а особено споредбени тестови, кадешто нема калкулирања од типот „најдобриот автомобил во светот, совршенство, романтика и слично“ го преземаме двобојот меѓу Alpine A110 и Porsche 718 Cayman. Авторството и сите вредности измерени за време на тестот му припаѓаат на специјалното издание за спортски автомобили Ауто Билд Спортскарс.

Уживајте.

Alpine притиска на Cayman

Шампионот во управливост, Alpine A110, се покажа одлично на единечниот тест. Но, сега станува сериозно. Пристига Porsche Cayman за одмерување на силите

Веднаш да го кажеме тоа што ни е на ум: Додека работи во место или се вози со ниски вртежи, четирицилиндарскиот боксер на Porsche 718 звучи како неговите далечни предци, „бубата“ и Porsche 356. Тоа значи дека овој мотор има многу подлабоки корени во историјата на фирмата, одошто шестцилиндарскиот боксер, кој беше развиен подоцна. Но, механичката бучава што четирицилиндарецот почнува да ја произведува од средни вртежи нагоре, нема да им се допадне ниту на фановите на спид-метал. Тука завршуваме, сега можеме да им се посветиме на многубројните предности на основниот модел од Цуфенхаузен.

Спринтер: Со дволитарскиот турбо-четирицилиндарец, 718 спринтува за 4,4 секунди до темпо 100.

Дволитарскиот турбо (без варијабилна геометрија на турбината, којашто се вградува во 2,5-литарецот) има и добри страни. Познавате друг дволитарец од сериско производство, што постигнува 100 km/h од место за само 4,4 секунди? Тоа во голем дел се должи на менувачот со двојна спојка и на помошта за брз старт, којашто работи совршено. Со мануелниот менувач, кој моментно не се испорачува, тоа трае малку подолго: 5,1 секунди според фабрика.

Менувач со двојна спојка и помош за брз старт се стандардна опрема кај Alpine A110. Верзија со мануелен менувач, за жал не се нуди. Alpine сепак не го достигнува совршенството при старт на Porsche. Нејзината помош при старт мошне релаксирано ги префрлува степените, што се гледа многу добро во времето за спринт до 50 километри на час: 2,1 наспроти 1,7 секунда. Но, потоа Alpine го користи подобриот сооднос меѓу тежината и моќноста, и го надоместува заостатокот. Таа има дури 343 килограми помалку товар за залетување. Тоа е во ред, затоа што Cayman е 20 сантиметри подолг и малку повисок, но во поглед на лесната конструкција сепак би можел да земе пример од Alpine, кој речиси целосно е изработен од алуминиум.

Суверено: Cayman лежи цврсто и смирено, тој постигнува исклучителни високо ниво на контакт со подлогата.

Но, Cayman вешто ја прикрива својата прекумерна тежина. Од една страна, тој лежи на патот цврсто како „тежок автомобил“ и влева безусловна доверба дури и при највисока брзина, а од друга страна, тој никогаш не делува тромаво. На кривулест пат, Porsche одушевува со исклучително високо ниво на контакт со подлогата, како и со неутрална управливост, во којашто може да се верува. Не се забележува нервоза во управувањето или во подвозјето. Оваа сувереност произлегува и од тоа што подвозјето не е дотерано премногу тврдо, иако тест-возилото има спуштено подвозје (PASM подвозје) и бандажи од 20 инчи.

Адаптивната амортизација ги голта сите нерамнини и ги придушува задвижувањата на каросеријата уште во старт. За пријатното чувство придонесува и совршеното, ниско седење, коешто го поставува возачот во самиот вознодинамички епицентар. Според тоа, овој 718 Cayman не е наменет само за тркачка патека, туку одговара и за летен одмор во Прованса или за секојдневно возење до работа.

Подвозјето на Alpine не можело да биде дотерано поконтроверзно. Долгите одови на пружините и релативно меките амортизери предизвикуваат силни движења на каросеријата. Подвозјето и покрај тоа не реагира особено нежно при бавно возење и потскокнува дури и на канализациски шахти. Но, како што се вози побрзо, така амортизацијата станува покомфорна.

Машина за забава: Alpine повеќе пролизгува странично и причинува поголема забава од прецизниот 718.

Управливоста се одликува со брзи и лесни промени на правецот, без подуправување. Ако некоја оска изгуби контакт со подлогата, тогаш тоа ќе биде задната оска. Рано и без двоумење. По неколку стотини километри со Cayman, кој остава впечаток како да е закован за линијата на движење, префрлувањето во Alpine дејствува освежувачки како двојно еспресо, како некој вид терапија за освежување.

Верно на својата традиција, A110 повеќе вози како рели-автомобил, отколку како возило за јавни патишта. Тој многу повеќе пролизгува странично, за разлика од смирениот Porsche, кој со сите сили настојува да го спречи тоа, зашто тоа одзема време на асфалт и бара големо возачко искуство. Што значи тоа во возењето? Тоа значи дека со Alpine може да се ужива и без да се пречекоруваат брзинските лимити. Притоа, ESP може спокојно да остане активно, затоа што и без тоа се вклучува релативно доцна, во зависност од избраната програма (нормална, спортска, патека). Кога Cayman вози назад, постојано му се приближува странично на Alpine и не остава впечаток дека е на границата на своите можност. Тој без проблем го држи темпото, сите четири му се цврсто на земја, само следи возејќи неутрално.

Возно динамичките граници на 718 не може да се откриваат на јавни патишта, тоа би било мошне неодговорно. Искуствата стекнати на обичен пат се потврдуваат на Заксенринг. На стартно целната рамнина, францускиот автомобил е во мала предност, благодарејќи на подобриот сооднос тежина-моќност, но строгиот Шбава враќа веќе во следната рунда, ладнокрвно искористувајќи го енормниот контакт со подлогата.

Заклучок на авторот Флоријан Неер

Два сосем различни карактери: Cayman е зрел и одмерен, Alpine е младешки и посветен на забава. За пофалба е тоа што Alpine на тркачка патека не е побавен од Porsche, кој е ориентиран на возна динамика.

Податоци за возилото
Alpine A110
Porsche 718 Cayman

Конструкција на мотор

R4

B4

Натполнење / Притисок

Turbo/1,1 bar

Turbo/1,4 bar

Положба

Средишно, назад попречно

Средишно, назад надолжно

Вентили / Брегасти вратила

4 / 4

4 / 4

Зафатнина

1798 cm³

1988 cm³

Пречник x Од

84,0 x 81,1 mm

91,0 x 76,4 mm

Компресија

9,0:1

9,5:1

kW (КС) /min

185 (252)/6000

220 (300)/6500

Литарска моќност

140 PS/l

151 PS/l

Nm при 1/min

320/2000-5000

380/1950-4500

Менувач

7-степен со двојна спојка

7-степен со двојна спојка

Погон

Назад

Назад

Сопирачки напред

320 mm вентилирани

330 mm вент. / перф.

Сопирачки назад

320 mm вентилирани

299 mm вент. / перф.

Материјал на диск

Челик

Челик

Големина на бандажи напред – назад

7,5 x 18 – 8,5 x 18

8,5 x 20 – 10,5 x 20

Големина на гуми напред

205/40 R 18

235/35 R 20

Големина на гуми назад

235/40 R 18

265/35 R 20

Вид на гуми

Michelin Pilot Sport 4

Pirelli P Zero (N1)

Должина / Ширина / Висина

4180/1798/1252 mm

4379/1801/1286 mm

Меѓуос. растојание

2420 mm

2475 mm

Резервоар

45 l

54 l

Багажник

96 l (нап.) + 100 l (наз.)

150 l (нап.) + 184 l (наз.)

Потрошувачка – CO2

6,4 l/100 km – 144 g/km

6,9 l/100 km – 158 g/km

Издувна норма

Euro 6d-Temp

Euro 6d-Temp

Основна цена

58.000 евра

57.186 евра

Мерни вредности
Alpine A110
Porsche 718 Cayman

Забрзување

0- 50 km/h

2,1 s

1,7 s

0- 80 km/h

3,5 s

3,2 s

0-100 km/h

4,8 s

4,4 s

0-130 km/h

7,2 s

7,0 s

0-160 km/h

10,3 s

10,3 s

0-180 km/h

13,1 s

13,0 s

0-200 km/h

16,8 s

16,8 s

0-402,34 m (1/4 милја)

13,00 s

12,77 s

Vmax

250 km/h (лимит.)

275 km/h

Најдобро време

Заксенринг

1:38,51 min

1:37,58 min

Еластичност

60-100 km/h (4./5. степен)

3,3/4,3 s

4,4/5,8 s

80-120 km/h (5./6. степен)

4,4/5,5 s

5,3/6,6 s

80-120 km/h (7. степен)

6,8 s

Пат на сопирање

100-0 km/h студени

34,7 m

33,4 m

100-0 km/h загреани

32,2 m

31,1 m

200-0 km/h загреани

129,3 m

126,7 m

Потрошувачка на тест

Ø на 100 km

8,7 l Super Plus

10,5 l Super Plus

Досег

520 km

510 km

Тежина

Празно возило / Носивост

1100/265 kg

1434/251 kg

Баланс предна / задна оска

43/57 %

44/56 %

Сооднос тежина / КС

4,4 kg/КС

4,8 kg/КС

Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

Mitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд

Alfa подобра од Audi на споредбен тест на Ауто Билд

Ауто Билд со споредбен тест на C4 Cactus, Civic, Megane и Leon

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

блокирани полначи за електрични автомобили

Возачи на пикапи блокираат полначи на Tesla

Mercedes G 350 d

Нов дизел за Mercedes G-Class за следните 40 години