Volkswagen ќе постави 2.400 полначи за електромобили во Британија

volkswagen tesco полначи електрични автомобили

Обезбедувањето полначи за струја станува предност на супермаркетите во привлекувањето клиенти. Синџирот супермаркети Tesco во Велика Британија, во следните години ќе постави полначи на 600 локации, заедно со Volkswagen

Германскиот производител на автомобили стапи во стратешко партнерство со синџирот супермаркети Tesco. Во следните три години, на 600 локации на супермаркетите Tesco ќе се поставуваат повеќе од 2.400 полначи за електрични автомобили. Од оваа соработка ќе произлезе најголемата мрежа од станици за полнење во британската малопродажба. Со станиците ќе раководат Volkswagen и Pod Point, една од водечките компании за полначи за електрични возила во Велика Британија.

Volkswagen ID.
Првиот „народски“ електричен автомобил од идното семејство модели ID. ќе стартува во 2020 година

Клиентите ќе можат бесплатно да ја полнат батеријата на своите електромобили, на паркиралиштата на Tesco на целата територија на земјата. Во случај кога батеријата треба да се наполни побрзо, тогаш може со соодветен надомест да се користи брз полнач од 50 киловати, место стандардниот од седум киловати. Со мрежата на Tesco, бројот на станици за полнење во Велика Британија се зголемува за 14 проценти.

Веќе во 2020 година стартува продажбата на првиот електричен модел на Volkswagen од новата подмарка ID

Volkswagen работи на стратегијата да прерасне во водечки производител на електрични автромобили и понудувач на мобилни услуги. Годишната продажба на автомобили на струја ќе надмине еден милион примероци до 2025 година. Веќе од 2020 година, Volkswagen стартува со подмарката ID, чиишто возила ќе користат специјално развиена платформа за електричен погон.

Volkswagen Passat отстапува место за електрични модели

Volkswagen со повеќе продажби и промет, а помалку профит и маржа

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

Британија се враќа на автогасот заради почист воздух

Претходна објаваSkoda Scala брои уште една седмица до премиерата
Следна објаваMitsubishi Eclipse Cross во служба на италијанската полиција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here