за

Volkswagen со повеќе продажби и промет, а помалку профит и маржа

Volkswagen Atlas

Воведувањето на нормата WLTP и откупот на стари дизели ја смалија заработката на марката Volkswagen во првите девет месеци. Но, матичната марка на концернот продаде повеќе возила од кога било во историјата

Матичната марка на концернот Volkswagen мина одлично во првите три квартали од годинава, и покрај големите тешкотии. По деветте месеци, продажбата и прометот се зголемени во споредба со истиот период лани. Има дури и рекорд. Со 4,6 милиони испорачани возила (+2,9%), Volkswagen ги има најуспешните девет месеци во својата историја. Менаџерите очекуваат дека ќе се исполнат плановите, но само „на долниот праг на толеранцијата.“

Volkswagen T-Cross premiera

Поради зголемената продажба, но и поради поголемиот удел на поскапите модели во продажбата, Volkswagen го зголеми прометот на 62,5 милијарди евра, односно за 7,3 проценти. Оперативниот резултат е малку под минатогодишната вредност, со 2,3 милијарди евра, наспроти 2,5 милијарди евра. Причината е во трошоците за преоѓањето на новата и многу пореална норма за одредување на потрошувачката на гориво и емисијата WLTP. Компанијата дополнително ја чини и откупот на старите дизели и премијата што се дава при купување нов автомобил. Оперативната марка изнесува 3,7 проценти, наспроти ланските 4,3 проценти. Огромни средства се исплатени и за дизел кризата, конкретно станува збор за 1,6 милијарда евра само во изминатите девет месеци.

Бројот на СУВ-модели на Volkswagen ќе се зголеми од сегашните 11 на повеќе од 30

Во марката Volkswagen моментно се реализира стратегијата Transform 2025+, којашто треба да донесе побрза електрификација и дигитализација. За тоа да се постигне, маржата што треба да се постигне до 2025 година е зголемена на шест проценти.

За подобрување на оперативните резултати се планира зголемување на продуктивноста во фабриките на Volkswagen за 30 проценти до средината на следната декада. На тоа ќе следи и голема офанзива со СУВ-модели. До целниот рок, матичната марка на концернот ќе нуди повеќе од 30 модели. Volkswagen моментно има единаесет СУВ-модели во понудата. Марката практично ќе расте балгодарение континуираното зголемување на интересот за овој сегмент на возила во повеќе региони во светот.

Volkswagen T-Cross: Доаѓа СУВ-моделот на база на Polo и по цена на Golf

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

Volkswagen и батериите ќе ги развива модуларно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 nova generacija

Новиот Porsche 911 пристига во почетокот на 2019 година

подготовка за зима, акумулатор

Неколку куси совети пред зимата