за

Кинескиот Nio има уште еден модел: Празната батерија се заменува со полна

Nio ES6 pretstavuvanje

По неодамнешната премиера на моделот ES8, кинескиот производител на електрични автомобили Nio веќе го претставува и својот втор модел. ES6 поседува два електромотора со заедничка моќност од 400 киловати, односно 544 КС, и вртежен момент од 725 њутнметри. СУВ-моделот со погон на сите тркала спринтува до темпо сто за помалку од пет секунди. Според старата норма NEDC, новиот модел на Nio постигнува досег од преку 500 километри со полна батерија. Цената на кинескиот пазар ќе изнесува 45.800 евра.

Каросеријата на Nio ES6 е изработена во најголем дел од алуминиум и карбон. Информациите му се послужуваат на возачот преку напреден проекциски дисплеј, дигитални инструменти или средишен дисплеј од 11,3 инчи. Повеќето функции на возилото се вклучуваат преку говорна команда. Фабрички инсталираниот хардвер Nio-Pilot располага со повеќе од 20 системи за асистенција. По желба, посебен систем може да ослободува четири различни мириси во кабината.

Nio планира изградба на мрежа од станици во коишто испразнетите батерии од возилата ќе се заменуваат со полни. Тоа ќе овозможи возачот да го продолжи возењето по пауза од само неколку минути, потребни за замена на батеријата, место да чека часови додека возилото е приклучено на полнач.

Nio ES8 е одговорот од Кина на Tesla Model X

Електро-монструмот Nio EP9 на тест на Auto Bild

Nio EP9 е најбрзиот електричен автомобил и вози со моќност од еден мегават

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche дизајнерска кула

Porsche гради 90-метарска висококатница во Штутгарт

Volkswagen ID testiranje juzna afrika

Електричниот Volkswagen на тајна мисија во Јужна Африка