На батерии до 250 километри на час: GLM G4 е јапонската Tesla

Во гласните настапи на големите марки по автосалоните обично се губат марките што навистина имаат со што да го привлечат вниманието. Јапонскиот GLM изработи спортска лимузина со впечатлив дизајн, четири крилести врати и 540 електрични КС. Тоа што G4 изгледа како јахта, не е случајност.

Спектакуларно дизајниран автомобил со погон на струја се избори за внимание во гласниот настап на големите автомобилски марки на салонот во Париз. GLM G4, освен со електричен погон, располага со тоа што никогаш не било својствено за калифорниската Tesla – со дизајн, со оригинален концепт и со функционалност што се издвојуваат од моделите од големите серии. Преку четири крилести врати се пристапува во кабината на јапонскиот електромобил со изглед кој се чини дека од некаде е веќе познат.

Пред четири години, дизајнерскиот тим од Емил Поп и Џастин де Боер создаде студија на спортски кабриолет со четири врати за холандскиот производител Savage Rivale. Нивната креација наречена Roadyacht GTS беше впечатлива комбинација од кабриолет, купе и луксузна лимузина, но не ѝ се посреќи да доживее производство во серија.

Хиројасу Кума, првиот човек на јапонскиот GLM, дава нова шанса за дизајнот на несудениот автомобил-јахта. Првичниот изглед е сменет само во детали, а каросеријата изработена од лесни материјали, вклучувајќи меѓу другото и амалгам, го задржи концептот со четири крилести врати.

За разлика од моторот V8 за оригиналниот автомобил на Savage Rivale, во G4 работат два електромотора со моќност од 540 КС. Спринтот од место до сто колометри на час трае 3,7 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 километри на час. Батериските пакети вградени во предниот и во задниот дел од возилото овозможуваат досег до 400 километри. Уште една посебност е во тоа што наспроти повеќето електрични возила, G4 во погонската спрега располага и со менувач со повеќе степени.

[FAG id=25762]

Претходна објаваОва Audi TT има хибриден погон само заради уживање
Следна објаваVolvo V90 и V60 Polestar се двојка на спротивности: Елеганција наспроти 367 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here