за ,

Ова Audi TT има хибриден погон само заради уживање

Мал електромотор на задната оска и напон од 48 волти се основа на „благиот хибрид“ што го разви добавувачот Schaeffler. Неговиот хибрид е поевтин и полесен, секако дека штеди и гориво, но главна е способноста електромоторот да испорача различен вртежен момент до тркалата и на тој начин да ги подобри возните својства. Автомобилот станува мини Honda NSX.

Во автомобилите подолго од 40 децении се користи напон од 12 волти. Во иднина напонот ќе порасне четирикратно, на 48 волти. Тоа го бара сé поголемиот број електрични и електронски потрошувачи во возилата. Задачите што некогаш ги вршеше механиката, денес се работа на електромеханиката. Потребата од преоѓање на 48 волти доаѓа од иновативните стабилизатори што спречуваат клатење на каросеријата и турбополначите со електричен погон, климатизацијата на кабината додека возилото чека на паркиралиште, системите старт-стоп и благиот хибриден погон.

Добавувачот Schaeffler го искористи Audi TT како основа за концептниот автомобил во когошто го вградува својот 48-волтен „благ“ хибриден погон. Електромоторот е вграден на задната оска и истата ја претвора во таканеречена „електрична оска“. Овој електромотор испорачува трајна моќност од 20 киловати, односно 27 КС, додека за погонот на предната оска е задолжен конвенционален мотор со внатрешно согорување, којшто во концептот на Schaeffler е поврзан со ременски стартер-генератор за 48 волти.

Електромоторот испорачува 2.000 њутнметри уште при поаѓање и способен е самостојно да го движи возилото со брзина до 35 километри на час. Колку точно километри, добавувачот не наведува. Ваквата погонската спрега располага и со можност за активно „едрење“ со брзина од над 70 километри на час.

Задните тркала добиваат различен вртежен момент заради подобра агилност

Специјалитет на Schaeffler е интегрираната „двобрзинска“ е-оска, чијашто суштина е во тоа што може да распределува различен вртежен момент меѓу задните тркала. На тој начин, внатрешното тркало во свијоци може да добива помалку вртежен момент отколку надворешното тркало, со што се подобруваат и возните својства и безбедноста.

Енергијата што се ослободува при секое сопирање се враќа во енергетскиот систем во возилото, што носи извесна заштеда во гориво. Предноста на системот на Schlaeffler е во тоа што електромоторот и контролната електроника се вградени во една единица, заради покомпактни димензии и пониска тежина.

Во иднина ќе се појавуваат слични хибридни системи на 48 волти во сериските возила. Веќе кон крајот на годинава на пазарот ќе се појави хибридната изведба на Renault Scenic, со комбинација од електромотор на 48 волти и дизел мотор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија ја забранува продажбата на Tesla Model S?

На батерии до 250 километри на час: GLM G4 е јапонската Tesla