Трикот со задниот спојлер што излегува од опашот со помош на електромотори веќе не е голем новитет по Audi A7 Sportback, но начинот на којшто тоа го изведува новата Porsche Panamera Turbo сепак го враќа вниманието на овој трик.
Porsche Panamera располага со изобилство од технологии што остануваат сокриени од погледите, но затоа се крајно делотворни во поглед на тоа што се очекува да ги испорача спортската лимузина од Цуфенхаузен. Еден трик сепак излегува буквално на површината: Задниот спојлер кај Porsche Panamera Turbo, којшто за разлика од послабите верзии на моделот има малку посложена конструкција. Спојлерот при излегувањето се раздвојува на две половини, заради зголемување на површината врз којашто можат да „притискаат“ воздушните струи. Како изгледа овој трик, погледнете на видеото.
















