Lexus UX е идниот кросовер под компактниот NX

Lexus се подготвува за следното проширување на понудата од спортски теренци и кросовери со концептот UX, од когошто треба да произлезе сериски модел под компактот NX. Идниот кросовер продолжува со впечатливиот дизајн, моделот ја дели платформата со Toyota C-HR, хибридниот погон се подразбира.

Освен со малечкиот кросовер Toyota C-HR, јапонскиот гигант ќе ја прошири својата понуда од спортски теренци и кросовери и со верзија на овој модел под престижната марка Lexus. На салонот во Париз е закажана премиерата на концептот UX. Со впечатлив дизајн, идниот модел под компактниот Lexus NX се обраќа на „прогресивна урбана публика којашто ње во постојан онјалн-контакт со својата животна средина“ – најавува јапонската марка.

Се најавуваат интелигентни технологии што му овозможуваат возбудливо доживување на возачот, во комбинација со традиционалната занаетчиска умешност и најнапредни техники на изработка, што се дел од Lexus.

Заедно со концепот Lexus UX, на салонот во Париз пристига и освеженото моделско годиште на Lexus IS, како и новиот знаменосец во понудата од купеа, Lexus LC. Со Sport Line ќе има и нов пакет на опрема за компактниот кросовер NX.

Претходна објаваPeugeot 5008 доаѓа со електричен велосипед во багажникот
Следна објаваТајната трансформација на Porsche Panamera Turbo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here