Кинескиот изумител Јужу Сонг има начин за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж. Неговиот суперавтобус ги „пречекорува“ автомобилите под него и се нуди како евтина алтернатива на обичното метро.
Како што постојано расте сообраќајниот метеж, така и изумителите стануваат уште покреативни. Кинезот Јужу Сонг предизвика огромна сензација со неговата идеја за суперавтобус, кој претставува еден вид платформа подигната над патот и гази како катамаран, но не на море, туку по земја. Во широката празнина меѓу носечките страници на суперавтобусот останува простор автомобилите да минуваат оздола, или обратно, за суперавтобусот да минува преку автомобилите додека истите чекаат во колона.
Предноста е во тоа што со идејата на Сонг се штеди простор и пари. Суперавтобусот располага со простор за 1.400 патници, што е споредливо со капацитет на нормално метро, но е многу поевтино решение, затоа што нема потреба од копање подземни канали и изведување скапи градежни зафати.
Сите неизвесности околу иднината на засега генијалниот концепт ќе се разрешат откако автобусот ќе биде пуштен на пробно возење во јули, во кинескиот град Чинхуандао. Како точно функционира идејата на Кинезот, погледнете во видеото.
















