Хибридите на Toyota достигнаа 8 милиони продадени примероци

По дваесет години од почетокот на развојот на првиот Prius, Toyota веќе достигнува осуммилионска продажба на своите хибридни модели. Во почетокот изгледите за иднината на штедливиот погон воопшто не беа сјајни.

Претседателот на Toyota, Такеши Учијамада, честопати ја раскажува приказната за тоа како неговиот тим цели 49 денови не успевал да го задвижи првиот прототип на Prius. „Не знаевме каде е грешката и работевме до доцна навечер за да откриеме. Конечно успеавме да го задвижиме автомобилот околу Божик, но тој мина само 500 метри!“ Тоа се случуваше во 1995 година, во време кога хибридните автомобили беа неистражени и експериментални машини со неизвесна иднина. По дваесет години, Toyota веќе го продаде осуммилионитиот автомобил со хибриден погон. Претходниот милионски праг јапонската марка го пречекори пред само 10 месеци.

Триесет модели со хибриден погон понудени на преку 90 пазари во светот

Toyota пресметува дека нејзините осум милиони хибридни автомобили ја поштедиле атмосферата од 58 милиони тони СО2 и заштедиле 22 милиони килолитри бензин. Хибридниот погон денес е општоприфатено погонско решение во целата бранша, коешто повеќе не се води како алтернатива, туку како паралелна понуда на моделите со бензински или дизел мотор. По стартувањето со продажбата на првата генерација на Prius во 1997 година, Toyota постојано ја збогатуваше понудата од модели со хибриден погон, за денес да нуди широк дијапазон на модели почнувајќи од малечкиот Yaris до спортскиот теренец RAV4. Моментно во понудата на Toyota се наоѓаат 30 модели со хибриден погон и еден модел со плагин-хибриден погон, достапни на повеќе од 90 пазари во светот.

Само во минатата година беа воведени неколку нови модели со хибриден погон, меѓу кои Esquire, наменет само за домашниот пазар, Lexus RC300h, а неодамна и Sienta Hybrid. Претстои воведување на Corolla Hybrid и Levin Hybrid, кои ќе бидат достапни само на кинескиот пазар, како и на новиот RAV4 Hybrid. Паралелно со претставувањето на новите хибридни модели ќе се зголемува и бројот на земји во кои Toyota ќе ги нуди истите во редовна продажба.

Продажба на моделите на Toyota со хибриден погон по години
Година Европа Јапонија С. Америка Други Свет Вкупно
1997 300 300 300
1998 17,600 17,600 18,000
1999 15,200 15,200 33,200
2000 700 12,500 5,800 19,000 52,300
2001 300 18,500 16,000 200 36,900 89,200
2002 800 20,000 20,300 200 41,300 130,500
2003 900 27,200 24,900 400 53,300 183,800
2004 8,100 68,700 55,900 1,900 134,700 318,500
2005 23,400 58,500 150,000 3,100 234,900 553,500
2006 36,000 72,400 197,600 6,500 312,500 866,000
2007 49,000 82,000 287,800 10,700 429,400 1,295,400
2008 57,800 104,400 255,000 12,600 429,700 1,725,100
2009 54,700 251,100 205,300 19,000 530,100 2,255,200
2010 70,200 392,200 195,900 31,900 690,200 2,945,400
2011 82,800 316,400 185,100 44,700 629,000 3,574,400
2012 106,900 678,000 344,700 89,500 1,219,100 4,793,500
2013 152,900 679,100 358,200 89,000 1,279,200 6,072,700
2014 171,800 684,200 323,600 86,500 1,266,000 7,338,700
2015
до јули
111,800 389,300 163,200 45,300 709,600 8,048,400
Број на продадени примероци по модел

Според статистиките на Toyota, најголема продажба во дваесетте години има постигнато Prius, со преку 3,5 милиони примиероци и три генерации. Интересно е што хибридната верзија на Auris постигнува рапиден раст во продажбата на европскиот пазар и за само неколку години ќе го надмине далеку постарото моделско име Prius. Европските купувачи покажуваат релативно голем интерес и за големите теренци на Lexus со хибриден погон, наспроти јапонските купувачи кои првенствено се ориентираат кон порационалните модели, како Aqua и останатите моделски варијанти од Prius. Но, тоа не значи дека Јапонците ги игнорираат престижните хибридни модели. Суперлуксузниот Lexus LS 600h на домашниот пазар се има продадени во речиси 30.000 примероци.

Европа Јапонија С. Америка Други Свет
Prius 279,400 1,553,400 1,595,700 98,700 3,527,100
Prius α / Prius v / Prius + 32,800 401,600 142,700 5,300 582,400
Aqua / Prius c 901,500 150,800 29,000 1,081,200
Camry 49,400 356,900 122,100 528,300
Alphard 56,400 1,900 58,300
Auris 231,100 9,000 240,100
Yaris 172,200 4,000 176,200
Avalon 41,100 100 41,200
Highlander / Kluger 3,400 141,100 1,800 146,300
Vellfire 28,400 28,400
Sai 92,800 92,800
Estima 114,000 33 114,000
Harrier 55,900 55,900
Crown Hybrid 123,700 123,700
Crown Mild Hybrid*4 6,500 6,500
Crown Majesta (hybrid only) 10,500 10,500
Corolla Axio 36,300 36,300
Corolla Fielder 90,400 90,400
Voxy 57,200 57,200
Noah 43,600 43,600
Esquire 31,500 31,500
Sienta 3,100 3,100
Lexus LS 600h / LS 600hL 4,700 27,100 3,000 5,100 39,800
Lexus GS 450h / GS 300h 15,500 19,600 7,100 7,300 49,500
Lexus RX 400h / RX 450h 93,600 31,400 159,200 33,400 317,600
Lexus HS 250h 43,600 22,300 100 66,000
Lexus CT 200h 57,000 49,800 78,800 56,200 241,900
Lexus ES 300h 500 46,300 50,900 97,700
Lexus IS 300h 19,300 18,400 6,800 44,500
Lexus NX 300h 14,400 9,900 2,000 9,700 36,000
Lexus RC 300h 2,400 2,400
Prius PHV 9,900 21,700 42,000 100 73,600

 

Претходна објаваСтудија во Америка: Потрошувачката на гориво не се намалува
Следна објаваЕлеганција на стероиди: Mercedes-AMG C 63 Coupe

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here