Во експлозијата во Кина изгорени илјадници нови автомобили

Во огромната експлозија во кинескиот пристанишен град Тијанџин настрадаа најмалку 50 лица и стотици се повредени. Неколку илјади автомобили од четири производители изгореа на пристаништето.

Педесет загинати и седумстотини повредени лица е последицата од огромната експлозија во пристанишниот град Тијанџин во Кина. Покрај човечките жртви и настрадани лица е предизвикана и голема материјална штета. Производителите на автомобили го користат пристаништето за претовар на нови возила. Повеќе илјади автомобили од четири производители се целосно изгорени во експлозијата. Според кинеските медиуми, околу 2.700 автомобили на Volkswagen се целосно уништени во пожарот, потоа околу 4.000 возила Hyundai и Kia, како и 1.500 возила на Renault. Само францускиот производител има претрпено штета од најмалку 210 милиони јуани, односно 29,5 милиони евра.

Во пристаништето се складирани и 700 тони натриум цијанид

Властите во Тијанџин мораат крајно внимателно да ги ангажираат спасувачките сили, заради тоа што уште не се знае опасниот материјал што ја предизвикал експлозијата и дали хемикалијата уште истекува. Хемикалиите биле складирани привремено до следниот транспорт и недостига документација за истите. Околу 1.000 ангажирани лица од спасувачките сили се во опасност дека во секое време може да експлодираат и други материјали на пристаништето. Кинеските медиуми известуваат дека на пристаништето се складирани и 700 тони натриум цијанид, кој е крајно опасен при реакција со вода.

kina eksplozija 2

Претходна објаваBMW M4 GTS Concept: Водата во бензинот му годи на овој мотор
Следна објаваЗошто моторите се расипуваат сé почесто?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here