Nanoflowcell Quant F: Супер електричниот автомобил е пред старт

Моќност од 1090 КС и преку 800 километри со едно полнење електролит во резервоарот. Фирмата Nanoflowcell најавува револуција во електричниот погон со прототипот за Женева.

Nanoflowcell напредува со развојот на својата електрична спортска лимузина. Оваа фирма со седиште во Лихтенштајн, за претстојниот салон во Женева го најавува претставувањето на прототипот Quant F, којшто е веќе пред сериско производство. Особеноста е во погонот.

Резервоари со солена вода место тешки батерии за погонот на струја

nanoFlowcell QUANT_F_stranaЧетирите електромотори се снабдуваат со потребната струја од т.н. течна ќелија место од обични батерии. Низ ќелијата се спроведува електролитската течност, којшто ја ослободува својата енергија во ќелијата и испарува на крајот. Предноста на технологијата е во тоа што струјата се полни во „течна форма“ во резервоарите за многу покусо време отколку што е потребно да се наполнат обичните литиум јонски или литиум полимер батерии.

Податоците за моќноста и автономијата што Nanoflowcell ги наведува за спортската лимузина со четири седишта и крилести врати се мошне импресивни: Моќноста изнесува 1090 КС, крајната брзина е преку 300 km/h и досегот со едно полнење на резервоарот со електролит изнесува преку 800 километри. Тоа се крајните можности на новата техника. Поради економски причини, планираниот сериски автомобил би имал малку послаби перформанси.

nanoFlowcell QUANT_F_nazadNanoflowcell веќе има поднесено барање за хомологација за сериско производство на спортската лимузина со должина од 5,25 метри. Автомобилот имаше премиера лани на салонот во Женева. Според производителот, каросеријата е довршена целосно, додека во внатрешноста остануваат да се доработат уште 10 проценти од компонентите.

Технологијата со течни ќелии е еден вид спој на батерија и горивна ќелија и веќе подолго време се користи за управување со енергијата од електраните на ветар и од соларните постројки. Обата резервоара за јонизираната течност што се користи за добивање енергија имаат капацитет од по 250 литри, а нивното полнење не е подолго отколку кај обичните автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Претходна објаваМоже ли Fiat да биде Jeep?
Следна објаваНовиот Civic Type R ќе вози со рекордни 270 km/h

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here