за

Ова е новата Skoda Fabia: Интервју со дизајнерот Кабан

Чешката марка денес ги објави првите фабрички фотографии од новата генерација на Fabia. Главниот дизајнер Јозеф Кабан зборува за предизвиците во поглед на формата и функционалноста на новиот модел.

Пред неколку месеци, дизајнерската студија Skoda VisionC ни даде првична претстава за идниот дизајнерски говор на Skoda. На кој начин новата Skoda Fabia го покажува тоа?

Јозеф Кабан: Со дизајнерската студија Skoda VisionC покажавме дека Skoda е способна да направи спој на одлична функционалност со експресивен и емотивен дизајн со поостра дефиниција. Новиот дизајнерски правец е следниот чекор во развојот на нашата марка и новата SkodaFabiaе првиот модел што комуницира со овој дизајнерски говор. Повикувајќи се на елементите од дизајнерската студија VisionC, новата Fabia е подинамична и поспортска.

Зошто потреба од повеќе емоции?

Барањата од една автомобилска марка и од нејзиниот дизајн се менуваат со текот на времето. Во последните години, Skoda го изгради своето име произведувајќи автомобили со висока функционалност и натпросечна просторност во кабината. Почувствувавме дека сега е вистинското време да создадеме посилна врска меѓу функционалноста на нашите автомобили и експресивниот и емотивен дизајн. Може да се каже дека се навраќаме назад кон нашите корени. Skoda има традиција во производството на дизајнерски ориентирани автомобили коишто се полни се емоции, како легендарната Skoda Popular Monte Carlo од 1930-те години. Сакаме денес да ги заживееме овие стандарди.

Дали поголемата емотивност оди на сметка на практичните својства на новата Fabia?

Не, напротив. И покрај целата своја емотивност, Skoda Fabia останува крајно верна на своите основни вредности и е попросторна, попрактична, поекономична и поинтелигентна од кога било досега. И покрај подинамичниот дизајн, го зголемивме просторот во повеќето важни подрачја. Багажникот е поголем и има најголема зафатнина во својата класа, а ентериерот е поширок и подолг. Покрај тоа, нудиме до десет нови решенија „Simply Clever“, вклучувајќи технологија MirrorLink, достапна за прв пат во Skoda, со функција за поврзување на паметен телефон со возилото. Понатаму, овој компактен автомобил е до 17 проценти поекономичен и има иновативни системи за асистенција од повисоките класи. Нашата нова Fabia докажува дека емотивноста и функционалноста се надополнуваат совршено.

Од дизајнерска перспектива, што е особеноста во новата Skoda Fabia?

При развојот на третата генерација на Fabia се фокусиравме кон креирање на поспортско возило и направивме поостар дизајн. Резултатот е младешки, свеж и модерен компактен автомобил што поставува нови стандарди во сегментот.

Кои дизајнерски елементи ги користевте за да го постигнете тоа?

Прво, на автомобилот му дадовме помали пропорции. Новата Skoda Fabia е пониска и поширока од претходната, што му дава подинамична појава на автомобилот. Исто така, има поостри рабови, јасни линии и поседува дизајнерски елементи на кристал. Тоа ни овозможи да постигнеме посилен контраст и повпечатлив спој на светлина и сенка. Сето тоа му дава на возилото единствен и самоуверен карактер.

Автомобилот изгледа многу посамоуверено од порано. Тоа е само поради новите пропорции?

Не е само поради тоа. Предниот дел од возилото е пример за тоа: Ги дизајниравме маската и светлата за оптички да изгледаат посилно како графичка целина. Тоа прави автомобилот да изгледа поширок, исто како и моќните контури на хаубата со два впечатливи гребени отстрана. Широките и прецизно изрежани светла, покрај магленките што ја нагласуваат ширината, дополнително придонесуваат за овој ефект. Чистата хоризонтална структура во задниот дел од возилото исто така демонстира силина. Моќната силуета, заедно со високата и остра странична линија создава поголема динамика.

Купувачите сé повеќе сакаат да остават посебен печат на нивниот автомобил. Што може нив да им понуди новата Fabia?

Постојат повеќе можности да се внесе индивидуален печат од претходно. На располагање се 15 бои на каросерија, како и специјални коцепти на бои, кои што им даваат на купувачите моќност за индивидуален избор на бојата на покривот, бандажите и ретровизорите. Нудиме три нивоа на опрема и голем број опции за ентериерот на возилото.

Какво значење имаат кристалните елементи?

Skoda се гордее на својата боемска традиција. Острите линии, јасните контури и прецизните рабови на светлата на новата Fabia се омаж на чешката традиција во уметноста на изработка на стакло и на високиот степен на прецизност, како и на високиот квалитет на изработка. Задните светла се особено импресивни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25-годишнина на Calibra: На овој Opel дури и Porsche му се тргаше од пат

Новата Skoda Fabia влегува во производство кон крајот на август