Продажбата на автомобили со хибриден погон на европскиот пазар лани достигнала над 400.000 примероци, што претставува раст од една третина. Во следните години претстои нов бран од модели со поедноставен и поевтин хибриден погон, коишто сé повеќе ќе ги потиснуваат дизелите.
Пазарните аналитичари предвидуваат дека до средината од следната декада, приближно секое петто новорегистрирано возило во Европа ќе поседува таканаречен благ, односно паралелен хибриден погон. Наспроти овие модели, како Suzuki Baleno 1.2 SHVS, автомобилите со плагин-хибриден погон ќе постигнуваат трипати помало пазарно учество (6%), додека на класичните хибриди ќе отпаѓаат 3%, исто како и на автомобилите со електричен погон.
Големиот подем на автомобилите со хибриден погон во Европа се должи првенствено на одличната продажба на Toyota и проширувањето на понудата од хибридни модели, со C-HR или RAV4. Јапонската марка лани продала над 230.000 хибридни автомобили на европскиот пазар или за 47 проценти повеќе отколку преклани. Вградувањето на погонот со две срца во теренецот RAV4 се покажа како совршен потег: Близу 42.000 примероци се продале од овој модел.
Продажба на автомобили со електрифицирана погонска спрега во Европа во 2016
|
Вид на погон |
Продажба |
Тренд |
|
Хибриди |
294.800 |
+37% |
|
Плагин-хибриди |
112.300 |
+19% |
|
Електрични автомобили |
89.500 |
+4,8% |
|
Електрични автомобили со помошен мотор |
6.900 |
-4,1% |
|
Автомобили со погон на водород |
108 |
-2,7% |
Втората најпродавана марка пристига од истата адреса – од сопствената луксузна марка Lexus. Планот на Јапонците е половина од продажбата да отпаѓа на автомобили со хибриден погон до почетокот на следната декада. Моментно нивниот удел изнесува околу една третина. Дизелот повеќе не е интересен за Toyota. Кросоверот C-HR не е достапен со дизел мотор, од неговата хибридна верзија се очекува да учествува со повеќе од 70 проценти во продажбата.
https://automedia.mk/objavi/27145
Жестока конкурентска битка им претстои на производителите. Лани во Европа биле продадени 112.300 модели со плагин-хибриден погон (+19%), како резултат од пристигањето на новите модели во овој сегмент. Најпродаван модел и натаму е Mitsubishi Outlander PHEV, којшто е на лидерското место уште од појавувањето на моделот во 2014 година.
Најпродавани модели со плагин-хибриден погон во Европа во 2016
|
Марка и модел |
Продажба |
Тренд |
|
Mitsubishi Outlander PHEV |
21.149 |
-33.00% |
|
Volkswagen Passat GTE |
13.327 |
+176% |
|
Volkswagen Golf GTE |
11.104 |
-37% |
|
Mercedes C 350 e |
10.056 |
+73% |
|
Volvo XC90 T8 |
9.777 |
+236% |
|
BMW 330 e |
8.708 |
– |
|
Audi A3 e-tron |
6.589 |
-46% |
|
BMW 225xe Active Tourer |
6.047 |
– |
|
BMW X5 xDrive 40e |
5.664 |
+202% |
|
Audi Q7 e-tron |
3.732 |
– |
Но, местото на пионерот меѓу хибридните теренци повеќе не му е сигурно. Volkswagen Passat GTE ја зголеми продажбата речиси двојно и се искачи од седмото на второто место, потиснувајќи го Golf GTE на третата позиција. Одлични резултати постигнуваат и Mercedes C 350 e, Volvo XC90 T8 и BMW 330e.
Норвешка ја укина субвенцијата поради некористење на полначите за струја
Велика Британија и Норвешка се најголеми европски пазари за плагин-хибридни автомобили, додека шампионот од 2015 година, Холандија, падна на третото место, откако продажбите се преполовија по укинувањето на широкоградите субвенции за фирмите: Владата утврди дека возачите воопшто не ги приклучувале своите службени автомобили на полнач за струја. Место да се намали емисијата на СО2, владините мери можеа да доведат до зголемување на истата.
Примерот со Холандија докажува дека продажбата на хибридните автомобили зависи првенствено од субвенциите. Освен тоа, во повеќето држави во Европа постојат и повластици при редовното регистрирање и користење на возилата. Производителите дополнително се грижат да го привлечат интересот на купувачите, во последно време ставајќи нагласок на пеформансите на своите модели со хибриден погон. Тоа најдобро се забележува кај премиум марките Mercedes, BMW и Volvo.
Силен поттик на овој дел од пазарот се очекува да пристигне во следните години од таканаречените благи хибриди, односно паралелни хибриди, коишто поседуваат поевтина и подноставна погонска техника во споредба со класичните, сериски хибриди. Основа на оваа погонска техника е мал електромотор од 48 волти, којшто е директно поврзан со коленастото вратило и испорачува дополнителна енергија од батериите, чиешто полнење се врши првенствено преку рекуперација на енергијата при сопирањето.
Првите модели што понудија 48-волтен хибрид на европскиот пазар се Suzuki Baleno и Ignis 1.2 SHVS, а наскоро со оваа техника ќе се појави и Renault Scenic, за пред крајот на годината да следи и Megane. Се предвидува светскиот пазар за автомобилите со овој погон до 2020 година да достигне четири милиони примероци и да се искачи на 25 милиони до 2025 година. Францускиот производител во почетокот ќе го нуди благиот хибрид во комбинација со дизел мотор, но подоцна ќе следува негова примена и кај бензинските модели.
Помалите дизели во иднина ќе бидат заменети со паралелен хибрид
Паралелните хибриди во иднина ќе ги заменат моделите со помал дизел мотор во понудата. Ниската цена прави оваа технологија да биде попривлечна за производителите, место развој и усовршување на дизел моторите со цел да се исполнат уште построгите еколошки норми во иднина, особено кај помалите дизел мотори.



















