Volkswagen го нуди Golf во пет изведби со електромотор во погонот

Volkswagen Golf 8 eHybrid, GTE, eTSI

Сето внимание околу новите модели на Волфсбург деновиве е насочено кон електричниот ID.3, но има новини и во класичната понуда. Volkswagen Golf е достапен во три изведби со благ хибриден погон со ознака eTSI и во две изведби со приклучен хибриден погон, како Golf eHybrid и Golf GTE.

Две верзии со приклучен хибриден погон ја дополнуваат понудата од моделски варијанти на Volkswagen Golf. Едната ја носи ознаката GTE, исто како кај претходникот, и деновиве започнува со испорака, додека втората се води под ознаката eHybrid и веќе е достапна за нарачка. Во првиот случај, системската моќност изнесува 245 КС, додека кај втората варијанта, моќноста е 204 КС. Посебно конструиран 6-степен менувач (DQ400e) со двојна спојка е стандард.

Новите варијанти им се придружуваат на благите хибриди 1.0 eTSI со 110 КС и 1.5 eTSI со 150 КС. Изведбата со 110 КС се вклучува во понудата сега, додека попсилната варијанта веќе извесно време се наоѓа во понудата на култниот компакт на Volkswagen. Нив наскоро ќе им се придружи уште една варијанта со 1,5-литарскиот мотор, кој патем поседува и автоматсмо исклучување на два цилиндри, со моќност од 131 КС. Седумстепен менувач DSG се вградува стандардно и во овие варијанти.

Во споредба со претходникот, новиот Golf GTE има речиси „луксузен“ досег – минува до 80 километри чисто на струја

Golf eHybrid и GTE располагаат со литиум-јон батерија што со 13 kWh има за 50% зголемен капацитет во споредба со претходникот. Погонската спрега во двата случаи ја сочинува 1,4-литарски TSI. Станува збор за класичен приклучен хибрид, што во случајов може да го движи возилото само со енергијaта во батеријата до 80 километри (за eHybrid, според NEDC), по што бензинецот и електромоторот работат комбинирано или единечно, зависно од условите.

https://photos.app.goo.gl/WfCDtBmgp4QaMtjZA

GTE со своите 245 КС нуди исто толкава моќност колку GTI, а со енергијата во батеријата може да извози чисто на струја до 62 километри. Разликата во досегот со eHybrid е во карактерот на погонската спрега, односно тука е ставено повеќе нагласок на спортските возни својства, додека на eHybrid повеќе му одговара релаксирано возење. При поаѓање и при доволно полна батерија, Golf секогаш вози на струја, а електромоторот може самостојно да го движи возилото до 130 km/h.

Доколку GTE или eHybrid се приклучат директно на обичен приклучок за струја, батеријата ќе се наполни за 5 часови. Во случај да се користи полнач со моќност од 3,6 kW, полнењето се скусува на 3:40 часа.

https://photos.app.goo.gl/Pa8dYvRP8nou62Ru9

Перформансите се убедливи. Благодарение на комбинираната работа на TSI и електромоторот HEM80evo (80 kW) спринтот на eHybrid до темпо сто трае 7,4 секунди, а крајната брзина е 220 km/h. Кај спортскиот GTE, спринтот се скусува на 6,7 секунди, а крајната брзина изнесува 225 km/h. Тоа што ја прави посебноста на овој погон сепак е моќното забрзување, без потреба моторот да се тера до високи вртежи.

Благиот хибриден погон се докажа како делотворен „трик“ за смалување на емисијата на СО2 пред строгата ЕУ, но е факт дека од него има голема корист во секојдневието

Изведбите со благ хибриден погон и ознака eTSI, се разликуваат од класичните TSI по тоа што располагаат со 48-волтен стартер-генератор, како замена за обичните стартер и алтернатор, кој преку ремен е поврзан со коленастото вратило. Дејствувањето на благиот хибриден погон повеќепати е објаснето детално на Аутомедиа, најновата објава и дополнителни информации за овој популарен погон може да се прочитаат на следнава врска.

https://photos.app.goo.gl/sTF4Pnf5Kb2i6vd17

Volkswagen дава добар пример за делотворноста на благиот хибриден погон. Golf 1.5 eTSI со 150 КС според фабрика троши просечно 4,6 литри на сто километри. Кај претходникот 1.5 TSI со менувач DSG, оваа вредност изнесуваше 5,0 литри на сто километри, според сега веќе старата норма NEDC.

Стандардната опрема е вообичаено богата. Дигитални инструменти се вклучени во опремата, исто како навигација, индуктивно полнење, автоматска клима, пристап без клуч, диодни предни и задни светла и алу-тркала од 17 инчи. Од системите за асистенција, следат камера за знаци и активен темпомат, заедно со систем за задржување во лента, што забрзува, запира и управува самостојно до брзина од 210 km/h.

>>> Електричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија

 

Претходна објаваПочнува трката за светски автомобил на годината
Следна објаваKia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here