за

Почнува трката за светски автомобил на годината

Повеќе од 90 автомобилски експерти од светски ранг по 16-ти пат ќе избираат автомобил на годината. Актуелниот носител на титулата е Kia Terluride, победникот за 2021 година ќе се избира меѓу 24 кандидати.

Почнува трката за светски автомобил на годината

Почна долгото патување што како свое крајно одредиште го има прогласувањето на најдобриот автомобил во светот за 2021 година. Во изборот решаваат гласовите на повеќе од 90 автомобилски експерти кои доаѓаат од сите страни на светот.

Објавен е списокот на 24 нови модели што ќе се натпреваруваат за титулата на Светски автомобил за 2021 година. Меѓу кандидатите се наоѓаат дури четири модели со електричен погон, што веќе се нудат или наскоро ќе стартуваат со продажба, вклучувајќи ги Volkswagen ID.4 и Honda E.

Поради пандемијата, изборот за следната година нема да вклучува состаноци и гласање на жирито на повеќе локации ширум светот, како во претходните години. Главниот настан и натаму ќе го означува отворањето на салонот на автомобили во Њујорк, кој в година почнува на 31-ви март.

Тест-возењата на жирито ќе се пренесуваат виртуелно, а за таа цел првпат се организира и World Car TV. Ова шоу ќе ги претставува меѓународните судии и нивните медиуми, кои на публиката ќе им ги презентираат возилата што ги исполнуваат условите за кандидирање. Како и досега, изборот ќе се состои од пет категории: Главна категорија на Светски автомобил на годината, Луксузен светски автомобил на годината, Спортски светски автомобил на годината, Градски светски автомобил на годината и Најдобро дизајниран автомобил во светот. Првата епизода ќе се емитува во следната сабота, на 5-ти септември.

Kia Telluride светски автомобил на годината
Kia Telluride е најдобар автомобил во светот за 2020 година

Одбројувањето за финалето ќе започне на крајот на јануари, кога жирито ќе гласа за своите фаворити. На 3-ти февруари 2021 година ќе бидат прогласени Топ 10 во главниот избор и Топ 5 во секоја од одделните категории. На 2-ри март, изборот ќе се сведе на три финалисти во секоја од петте одделни категории.

Првичен список на модели што се кандидираат за изборот за светски автомобил на 2021 година. Списокот може да се проширува со нови модели до 1-ви декември

Audi A3
BMW 2-Series Gran Coupe
BMW 4-Series
Citroën C4 / ë-C4 
Ford Escape / Kuga
Genesis G80
Honda Jazz / Fit
Honda-e
Hyundai Elantra / Avante
Hyundai i10 / Grand i10
Hyundai i20
Kia K5 / Optima
Kia Sonet
Kia Sorento
Mazda MX-30
Mercedes-Benz GLA
Nissan Rogue / X-Trail
Seat Leon
Skoda Octavia
Toyota Highlander
Toyota Sienna
Toyota Venza / Harrier
Toyota Yaris / Yaris Cross
Volkswagen ID.4

Кандидати за титулата на најдобар луксузен автомобил во светот за 2021 година:

Aston Martin DBX
BMW X6
Genesis GV80
Land Rover Defender
Polestar 2
Tesla Model Y
Toyota Mirai
Volvo XC40 Recharge P8 AWD

Кандидати за титулата на најдобар спортски автомобил во светот за 2021 година:

Audi RS Q3
Audi RS Q8
BMW Alpina XB7
BMW M2 CS
BMW X5 M / X6 M
Hyundai Veloster N
Mercedes-AMG GLS 63
Mini John Cooper Works GP
Porsche 718 GTS 4.0
Porsche 911 Turbo
Toyota GR Yaris

Кандидати за титулата на најдобар градски автомобил во светот за 2021 година:

Honda Jazz / Fit
Honda-e
Hyundai i10 / Grand i10
Hyundai i20
Kia Sonet
Toyota Yaris / Yaris Cross

Кандидати за светската титула на автомобил со најдобар дизајн за 2021 година се сите модели во претходните категории.

>>> Porsche Taycan со две титули во изборот за светски автомобил

>>> Два модела на Kia со титула во изборот за светски автомобил

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

London Taxi Frankfurt

Овој минибус пристига на повик преку апликација

Volkswagen Golf 8 eHybrid, GTE, eTSI

Volkswagen го нуди Golf во пет изведби со електромотор во погонот