Porsche Taycan освои две титули во изборот за светски автомобил за 2020 година. Жирито од 86 автомобилски експерти му додели највисоки оцени на електричниот автомобил во категориите на луксузни модели и спортски модели. Кризата од пандемијата остави печат и на овој настан од светски рамки – победниците се прогласени по дигитален пат.
Победата во категориите за најдобар спортски автомобил и најдобар луксузен автомобил во светот на 2020 година му припадна на Porsche Taycan. Така режија 86-те членови на жирито, во годината кога светот е под закана од корона и секој епитет „светски“ прво се поврзува со пандемијата. Од тие причини не се одржа вообичаената гала манифестација, туку резулатите од гласањето се соопштија по дигитален пат.
Porsche Taycan победи во категоријата на најлуксузен автомобил во светот и најспортски автомобил во светот, што значи дека електро-крстосувачот на спортската марка има вкупно два трофеи годинава.
Марката претходно победуваше во категоријата на спортски автомобили во 2017, 2014, 2013, 2012 и 2006 година, но ова е првпат Porsche да победи и меѓу луксузните автомобили.
Porsche Taycan е конструиран со јасна цел: Да покаже дека електричниот автомобил може да постигне перформанси, возачко уживање, како и комфор и практичност во секојдневието, што е белег на секој Porsche.
Оливер Блуме, претседател на извршниот одбор на Porsche AG
Вистинските автомобили на годината се Porsche Taycan и Tesla Model 3
















