Kia Telluride ја освои носечката титула на светски автомобил за 2020 година, додека електричниот Kia Soul победи во категоријата за најдобар градски автомобили во светот.
Kia постигна одличен успех со изборот на големиот СУВ Telluride за светски автомобил за 2020 година и со Soul EV како победник во категоријата на градски автомобили. Telluride го убеди жирито со впечатливиот изглед и високата практичност. Ова е уште една престижна награда за големиот СУВ, што откако стартуваше со продажба во 2019 година освои повеќе од 70 награди во светски рамки. Меѓу останатите важни титули се СУВ на годината за Северна Америка и СУВ на годината во изборот на магазинот MotorTrend.
Електричниот Soul ги освои симпатиите на жирито како совршен автомобил за градско возење, со нулта емисија на штетни материи и добар досег со полна батерија, во комбинација со компактни димензии, препознатлив стил и приспособлива кабина.
„Сите во Kia сме почестени што добивме не една, туку две награди од жирито за Светски автомобил на годината. Ова е еден од најтешките натпревари во светската автоиндустрија, со што се докажува дека и Telluride и Soul EV се исклучителни возила.“
Томас Шемера, извршен потпретседател и продукт-менаџер на Kia Motors
За победниците во изборот за Светски автомобил на годината решаваат гласовите од 86-членото жири, составено од искусни и почитувани автомобилски новинари од 24 држави ширум светот.

https://www.instagram.com/p/B-ufq0ulYdB/
Kia e-Soul со душа вози на струја
Porsche Taycan со две титули во изборот за светски автомобил
















