за

Нафтата што не му треба на светот, „плови“ во танкери

Нафтата што не му треба на светот, „плови“ во танкери
Нафтата што не му треба на светот, „плови“ во танкери

Светот денес троши помалку нафта и тоа се должи на повеќе фактори. Првиот е масовното ширење на електричниот погон и општото преоѓање на обновливи извори на енергија, а вториот и многу повлијателен е тоа што светот моментно е затворен во домовите, како мерка против пандемијата од корона.

Сите овие фактори заедно придонесоа барел нафта да го достигне најниското ниво во последните неколку декади. Но, сирова нафта продолжува да се црпи, а тоа значи дека милиони барели нафта мора некаде да се складираат. Тоа се случува на џиновски танкери со нафта, кои пловат некаде по светските мориња и чекаат светот да му се врати на вообичаеното секојдневие.

Дополнителна грижа за нафтените компании е тоа што и самите повеќе не веруваат дека „вообичаеното секојдневие“ ќе се врати во формата што тие ја посакуваат да се врати. Додека деновиве светот мирува „заклучен“ во домовите, секојдневно пристигаат соопштенија од компании од рангот на Tesla, Polestar или некој кинески стартап, кои лансираат нови модели со погон на струја и редат успеси во низа. Ситуацијата е сменета драстично.

Владите уште немаат активирано аларм за тоа што буџетот повеќе не се полни од наплата на акцизата за горивата како во времето пред кризата

И покрај тоа што нафтените компании моментно произведуваат единствено загуба, тоа што станиците за гориво одненадеж се најдоа во сосем нови услови и тоа што владите ширум светот останаа без акцизата што ја наплаќаат при продажбата на горивата, постои страна што не губи од целата ситуација.

Сега е вистинското време за бизнис со складирање гориво. Побарувачката е огромна, влогот се враќа речиси загарантирано. Експертите не помнат кога светот произведувал толкав вишок нафта. Капацитетите за складирање на копно се преполнети веќе одамна, единствено преостанува чување на вишокот нафта во танкери.

Русија и ОПЕК ги продолжуваат преговорите за вештачки да се намали глобалното снабдување со гориво и цените да почнат да растат повторно. Но, и тоа не е решение. Дури и во случај ОПЕК да ја скуси продукцијата за 10 милиони барели дневно, тоа пак нема да биде доволно, затоа што моментната побарувачка е уште помала. Се проценува дека во тој случај, во актуелниов квартал ќе се складираат нови 15 милиони барели нафта секој ден.

Многу работи може да се сменат, затоа што нафтата сé уште го врти светот. Но, очигледно е дека и струјата е добра за тоа. Можеби е уште подобра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Telluride светски автомобил на годината

Два модела на Kia со титула во изборот за светски автомобил

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E